ОРГИНАЛЕН НАСЛОВ: ШКОЛСКАТА ГОДИНА ЗАВРШИ: Спремни двојазични свидетелства со Северна
Порталот Инфомакс објави статија во која стои дека свидетелствата од оваа година ќе бидат двојазични и со новото име на државата. Покрај Инфомакс „веста“ ја пренесоа и порталите Магазин и Шиломагазин. Изворот на оваа дезинформација најпрво се појави на приватен фејсбук профил.
Линк до оргиналната статија: link.
Точно е тоа дека свидетелствата се со новото име на државата, што треба да биде повеќе од јасно. Но, класичен обид за дезинформирање на јавноста е тоа дека сите свидетелства се двојазични. Имено, двојазични свидетелства се доделуваат во училишта кои се наоѓаат на територија каде мнозинството од населението се Албанци.
Дека свидетелствата и во годините наназад биле двојазични, можете да увидите на следниве фотографии.Тимот на F2N2 успеа да најде фотографии од свидетелства за ученици од прво до трето, и од четврто до деветто одделение, од оваа учебна година, кои се со новото име на државата, но очигледно не се сите двојазични.Сметаме дека ова е обид за поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и истиот го осудуваме. Ваквите обиди имаат за цел да му наштетат на концептот “Едно општество за сите”.
Обединувај, не разединувај!
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО