ОПИС

Опис на дезинформација :  Вардарци не ја примиле плакетата со Признанието, доделена од Владата

Оригинален наслов: ОСТАНА ЛИ ВО ВЛАДАТА ЕДНОЈАЗИЧНОТО ПРИЗНАНИЕ ОД ЗАЕВ ЗА ВАРДАРЦИ?

Најразлични шпекулации ја прегреа славеничката амтосфера со која навивачите и јавноста се радуваа за шампионската титула на Вардар.

На  4 јуни 2019,  пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на својот профил на Твитер напиша: „Не го зеле, им го оставиле во владината зграда“.

Информацијата набрзо беше превземена од низа медиуми кои повикувајќи се на пратеникот Димитар Стеванаџија, објавија дека Вардарци не ја примиле плакетата со Признанието, доделена од Владата.

Линк до објавата: медиуми

ФАКТ/И

Радоста од прославувањето на шампионската титула на Вардар во Европа, дома исфрли на површина низа аномалии од говор на омраза, до шпекуалции и оркестрирана пропаганда, која допринесе за дополнително електризирање на и онака поларизираната атмосфера во ова општество.

Во фокусот на вниманието овојпат се најде и јавна личност, односно пратеник кој го доведе во прашање својот морален интегритет пред јавноста, преку сервирањето на шпекулација на неговиот Твитер профил. Медиумите веројатно понесени од неговиот пратенички интегритет наседнаа. Не проверувајќи ја изјава на Димитар Стеванаџија на социјалните мрежи, тие брзо ја раширија дезинформацијата.

Јавните личности, особено пратениците треба да бидат пример. Нивниот морален интегритет е значаен за општеството. Тие не треба да бидат извор на шпекулации, како и да даваат повод за ширење на пропаганда со невистини.

Медиумите согласно кодексот на новинарите, мора да ги проверуваат информациите и изворите на своите објави. Јавноста не смее да биде манипулирана.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.