Андреј Родионов претставува пример за државно спонзориран “Граѓански активист и Руски националист“ кој крстари по регионот на Западен Балкан во последната декада при што активно поттикнува меѓуетничка нетолеранција, страв и омраза помеѓу граѓаните во регионот. Неговите врски со ултра националистички и радикални движења и политички партии во Западен Балкан, како и неговата работа претставуваат поддршка за Руските интереси и стратегија во регионот.
На 17 јануари, РИА Новости објави статија за доброволци од Европа во рускиот баталјон Судоплатов во регионот Запорожје. Истиот ден, македонскиот проруски инфлуенсер Миленко Неделковски го објави видеото од статијата на својот фејсбук-профил, велејќи дека доброволци од Северна Македонија, Полска и други земји се подготвени да се приклучат на баталјонот. Истиот ден, статијата на РИА ја објави и анонимниот портал 24pressnews.com, ставајќи акцент на српските доброволци во баталјонот. На 4 февруари, двајца српски доброволци беа интервјуирани на каналот на јутјуб „Праве вести“. Интервјуто го пренесе порталот skopje1.mk.
Во двете видеа се појавува Андреј Родионов, основач и претседател на руското здружение „Руско-словенско обединување и преродба (РУСОВ)“ и промотор на словенското обединување под руско водство. Тоа се гледа и во интервјуто на „Праве вести“, каде што тој вели дека сите доброволци имале една цел, „обединување на сите Словени околу Русија“, а додава дека Русија како мајка ги обединувала сите словенски народи.
Покрај неговите активности во привремено окупираниот Крим, тој исто така е одговорен и за мобилизација и пристапување до претежно српските националистички движења низ целиот Балкан, а во последниот период неговите активности на Балканот се спојуваат со оние на Вагнер.
FN веќе пишуваше за Родионов уште во 2020 година, откривајќи ги неговите директни врски со Кремљ. Тој ја има посетено Северна Македонија неколку пати во минатото и промовира штетни и раздорни антизападни и проруски наративи. Мрежата на Родионов во Северна Македонија е разновидна и се состои од екстремно десничарски проруски политички партии, здруженија и националисти кои го промовираат движењето „Бојкотирам“. Во текот на 2018 година, тој ја изразуваше поддршката на идејата за македонска и руска унија против ЕУ и НАТО, а самиот статус е со елементи на тролање и неавтентично однесување. Тој беше во земјава во јуни 2018 година, истиот месец кога беше потпишан Договорот од Преспа, а исто така и за време на референдумот одржан во септември 2018 година, по што го коментираше следново: „Браќа Македонци, неодамна направивме добра работа во Македонија за доброто на руско-словенското единство“.
Во рамките на Руската агресија врз Украина, Родионов се појавува како многу вешт при валоризацијата на својата претходна работа во регионот на Западен Балкан, преку регрутација на волонтери од овој регион како борци на страната на Руските агресорски сили. Неодамна, Родионов на својот Телеграм профил ќе напише:
“Следната година во Српски Призрен и Руски Киев!“
Андреј Родионов
Фактите презентирани во оваа анализа, претставуваат сериозна основа Родионов да биде презентиран како пример за 'Штетно влијание од страна на Русија во Северна Македонија и во регионот'.
Фото галиеријата подоле дава преглед на однапред одбрани активности на Андреј Родионов во регионот на Западен Балкан и на фронтот во Источна Украина како дел од Руските агресорски сили.
Со кликање на сликите подолу ќе можете да го видите прегледот:
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО