Превземено од Јamestown Foundation

Публикација: Eurasia Daily Monitor Издание: 19 Тема: 124

Автор: Павел К. Баев

Ќе треба малку повеќе време пред фијаското од долгата војна да стане очигледно, но истото ќе почива на серија на погрешни проценки и пресметки за капацитетот на Украина да издржи брутални напади, Западната посветеност за поддршка на оваа скапа борба, силината на отпорот на санкциите на Руската економија и нивото на јавната подготвеност на Руските граѓани да го следат курсот поставен од страна на Претседателот Владимир Путин.

Со навршувањето на шестиот месец од Руската неопрвдана агресија врз Укриана и воените операции се во застој, Крмелин излезе со нова математика: Долга војна е во интерес на Москва и може да биде извојувана победа. Овој самоубедувачки став е следствен на неуспехот на прeтходните два плана: брза и комплетна победа со неколку офанзиви со оклопни возила и пешадија и поход на Донбас и Јужна Украина преку силен притисок од возобновените батаљони со масивната артилерија како претходница. Ќе треба малку повеќе време пред фијаското од долгата војна да стане очигледно, но истото ќе почива на серија на погрешни проценки и пресметки за капацитетот на Украина да издржи брутални напади, Западната посветеност за поддршка на оваа скапа борба, силината на отпорот на санкциите на Руската економија и нивото на јавната подготвеност на Руските граѓани да го следат курсот поставен од страна на Претседателот Владимир Путин.

Украина е прва во Путиновиот сплет на илузии, и тој сигурно не е заинтересиран за долготрајна војна која ќе ги пролонгира страдањата на неговиот народ. Од друга страна, воената стратегија на Украинскиот Престседател Володомир Зеленски е насочена кон што побрзо ослободување на окупираните територии (Nezavisimaya gazeta, Август 11). Сепак, Зеленски не ги брза своите генерали, и ветената конттра-офанзива внимателно се подготвува, со напади кои за цел ги имаат Руските складишта за муниција и командни центри, како и преку употребата на артилерискиот систем M142 HIMARS доставен од САД, со ефикасност која ги надмина очекувањата на повеќето запдни експерти но и на Рускиот воен врв (Russiancouncil.ru, Август 5). Рускиот воен врв го искористи релативното затишје за трансфер на силите на југ, следејќи ја Путиновата наредба да се обезбеди контрола врз Херсон. Сепак, ова регрупирање на трупите остави поголем број на батаљони заглавени на западната страна на реката Днипро, заради константото гранатирање на 3те моста ((Novayagazeta.eu, Август 11). Серија на експлозии во воената база Саки на Крим на 9 Август беа официјално прогласени како несреќа, и Руските медиуми ја форсираат исклучиво оваа неверојатна верзија. Како и да е, јасно е дека штетата врз расположението на Руските трупи како и врз моралот на јавноста во Русија, е можеби поголема отколку дузина уништени борбени авиони (Meduza, Август 11).

Надежта на Кремљ за намалување на западната солидарност со Украина се зголеми по кулминацијата на затегнатоста на односите помеѓу САД и Кина по прашање на Тајван, но во реалноста, овие чувства се примарно поврзани со неподготвеноста на дел од Европските сојузници да ги сносат трошоците за долгата војна (Svoboda.org, 10 Август). Прекинот во снабдувањето со Руски гас во Европа е насочен кон зголемување на незадоволството, но Москва ја занемарува забрзаната „зелена“ енергетска транзиција во Европската унија предизвикана од итната потреба за справување со економската криза која што се развива (The Insider, Август 12).   

Германија останува примарна цел на Рускиот притисок преку снабдување со гасот како и политички маневри, но поимањето на Путин за оваа голема Европска сила е застарено, бидејќи одлучноста на Берлин да ја поддржи Украина против суровата Руска агресија е сериозно потценета од страна на Москва (Kommersant FM, Август 11). Руските дипломатски напори се насолени кон ослабување на Германската одлучност преку лажната подготвеност за мировни преговори при што се очекуваше договорот за житото посредуван од Турција да ја обнови довербата во Кремљ, сепак провокациите во Нуклеарната централа во Запорожје даваат докази дека таквата доверба неможе да се воспостави (Svoboda.org, Август 12).

Владините експерти во Русија внимаваат да не ги напаѓаат погрешните перцепции за силината на Руската економија што се доминантни во Кремљ, така што нивните мултиваријантни прогнози прикажуваат само умерени рецесии во 2022 и 2023 година, ветувајќи силно враќање подоцна (Kommersant, Август 12; Rosbalt, Август 11).

Објавувањето на официјалните статистики е сериозно цензурирано и оскудно, но еден податок од Август го потврди големото зголемување на дефицитот во државниот буџет предизвикан од масовното покачување на трошоците, олигледно предизвикани од стрмоглавото намалување на приходите, дури и оние од гасот и нафтата, како и масовното згилемување на трошоците, очигледно предизвикано од војната, кои беа криени подолг период (Rbc.ru, Август 12; Bfm.ru, Август 12).

Рускиот извоз на нафта се одржува исклучиво на огромните попусти на резервите од Урал, а прогресивното опаѓање на производството ја прави невизможна испораката на договорените количини со членките на Организацијата на Држави Извозници на Петролеум (OPEC) (Kommersant, Август 10).

Инструкциите на Путин за преориентирање на извозот на енергенси кон Исток не се за дебата, но станува кристално јасно посебно за практичарите дека Кина нема да финансира изградба на нови цевководи (The Bell, Август 8).

Идејата дека долгата војна ќе помогне во консолидацијата на контролата врз општеството обединето врз основа на патриотизам изгледа успешна, со оглед на тоа дека протестите против војната претежно исчезнаа. Сепак, тестирањето на оваа теорија “се е мирно и дава поддршка“ може да биде многу ризично во состојба на намалени приходи и зголемен број на жртви, ризик за стабилноста која Кремљ нема намера да го земе сериозно предвид (Forbes.ru, Август 13). Помошниците на Путин во обид да ја докажат својата лојалност често патуваат во Донбас, сепак јавното мислење претпочита да се преправа дека животот се одвива “нормално“ блокирајќи ги ужасите од војната наместо да го прифати конфликтот (Re-russia.org, Август 5).

Русија постепено се трансформира и зајакнато се трауматизира од она што сеуште се нарекува „Специјална воена операција“ која ниту едно количество на пропаганда неможе да ја претстави дека „оди според плановите на Путин“.

Ваквото практично негирање станува се потешко бидејќи изискува се поголеми жртви од урбаните средни класи на Москва и Санкт Петербург (не само од најсиромашните региони), додека војниците кои се враќаат од украинските боишта раскажуваат приказни за насилен хаос и очигледна неспособност (Meduza, 11 август ). Генералите се збунети и вознемирени од невообичаениот проблем со недостигот на војници, но нивните барања за мобилизација остануваат неодговорени од нервозниот врховен командант, а на гувернерите наместо тоа им се наложува да го прошират регрутирањето и до “најплитката бара“, од центри за невработеност до затвори (Novayagazeta.eu, August 12).

Русија постепено се трансформира и зајакнато се трауматизира од она што сеуште се нарекува „Специјална воена операција“ која ниту едно количество на пропаганда неможе да ја претстави дека „оди според плановите на Путин“. Сепак, тој никако неможе да ги признае припустите во својата голема визија за подемот на Русија под негово водство, па мора да признае дека дури и тој сфатил дека ќе биде потребно повеќе време за Украина да пропадне и западот да се распадне. Времето сепак, не е на страна на Рускиот претседател, а Украина е подготвена тоа да го докаже, и покрај страшната цена која што ја плаќа со отпорот и одвраќањето на Руската агресија. Крајниот доказ за глупоста на автократската самозаблуда може, сепак, да дојде само од внатре од Русија, која треба повторно да се воспостави и да се реконституира како одговорна држава. Русија е толку очигледно неподготвена за долга војна што се наѕира неизбежен пораз.

Навистина, поразот може да создаде простор за многу потребните реформи, но исто така може да ја намали енергијата неопходна за нив. Поразената Русија ќе има шанса да излезе како победник во самообновувањето, но патот ќе биде тежок, а ризиците ќе бидат сериозни.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.