Слободата на изразување е многу важен дел од демократијата. Слобода на изразување е  да го отвориш компјутерот, да напишеш блог или што сакаш да напишеш и да кажеш што сакаш, во граници на законот и можеби пристојноста. Сите можат да кажат што сакаат и дури не мора да ја кажат вистината. И всушност не мораат ниту да ги толерираат другите луѓе. Можат дури и да бидат навредливи или да не кажат кои се или да се претвараат дека се некои други. Поединците, кои не земаат плата да го штитат јавниот интерес, да откриваат прашања и теми во интерес на граѓаните, немаат обврски како новинарите. Нивниот збор не „тежи“ како оној на новинарот, кој се обраќа до широка публика, а медиумот во кој што работи има обврска да го штити јавниот интерес.„Слободата на изразување им дава право на луѓето да кажат што сакаат без било какви рестрикции. И не мора да бидат одговорни, не мора да кажат извини кога ќе згрешат. Тоа е слободно изразување. Тоа е многу важен дел од демократијата. Но, тоа не е новинарство“, вели Аидан Вајт, директор на Мрежата за новинарска етика. Новинарството се движи во рамка на вредности која се вика новинарска етикаНовинарството е нешто различно од ова. Новинарството не е слободно изразување во таа смисла. Новинарството е слобода на медиумите да се изразуваат слободно, но во една рамка на вредности. И таа рамка на вредности се вика етика на новинарството. Новинарот мора да се воздржува. Новинарите не можат да си дозволуваат слобода на изразување. Тие го обликуваат своето изразување во рамки на новинарската етика.Затоа, новинарите мора да си ги корегираат нивните грешки, и да се извинат кога прават грешки. Новинарите мора да ги почитуваат фактите. На новинарите не им е дозволено да пишуваат малициозни лаги. Мораат да покажат човечност, хуманост кон публиката, не смеат да промовираат говор на омраза, мораат да бидат непристрасни и да препознаат дали има и друга страна на приказната и така натаму. Овој додадок на вредностите го прави новинарството различно, не треба да се поистоветува со слободата на изразување, кое, повторувам, е силен, многу важен дел од демократијата, но не е новинарска етика, додавадиректорот на Мрежата за новинарска етика, Вајт. Според него, новинарската етика може да се состави во пет главни елементи: 

  1. Точност.Едноставно, да се известува без извртување на фактите

  2. Независност. Работата што ја работите е ваша работа, не ја работите во име на некој друг. Не смеете да бидете ничиј портпарол, на бизнис групи, корпорации, влади или било какви здруженија, особено интересни групи.

  3. Непристрасност. Како новинар мора да видите дали има и втора страна на приказната. Скоро секогаш има. Понекогаш и повеќе од две страни. Како новинар вие сте одговорен да видите што велат и што размислуваат другите страни на приказната.

  4. Човечност. Како новинар мора да бидете хуман, мора да ги согледате последиците од она што го објавувате, емитувате. Мора да знаете дека зборот што го употребувате, фотографијата што ја покажувате, може да направи штета. Тоа не е работа на новинарот, да направи несакајќи штета. Работа на новинарот е да ги заштити луѓето. Кога известуваат новинарите не смеат да употребуваат говор на омраза, не смеат да покажуваат непристојни фотографии. Не смеат непотребно да прикажуваат сцени на насилство.

  5. Одговорност. Тоа веројатно најтешко им паѓа на новинарите. „Ние не сме скромна група луѓе. Тешко е да кажеш извини“, вели Вајт. Но, мора да ги признаеме грешките кога ќе се направат, да се извиниме, и да најдеме лек за штетата што е направена ако е тоа случај.

 Секој учесник во новинарскиот процес има своја улога на патот кон вистината Во книгата на Бил Ковач и Том Розенстил, „Елементи на новинарството“, авторите велат дека издавачите и сопствениците на медиумите мора да се залагаат и постојано да објавуваат содржини од јавен интересбез страв и без пристрасност.Уредниците мора да се борат против извртувањето на слободата на говор, против манипулацијата со зборовите, против говорот на омраза, давајќи отпор кон притисоците кои доаѓаат и од владите, од корпорациите, судиите, адвокатите или кон било кој друг создавач на вести кој манипулира нарекувајќи ја лагата со име вистина и војната со име мир.Најдиректен контакт со случувањата на терен и создавачи на вести и содржини се новинарите. Првиот контакт со граѓаните, темите, проблемите и претставувањето на деликатни прашања пред јавноста е во нивни раце.За кого работат новинаритеЛојалноста на новинарите на прво место е кон граѓаните. Обврската кон граѓаните е поголема од професионалниот егоизам. Тоа е доверба која се подразбира. Се подразбира дека критиките за филмот се коректни, дека на оценката на рестораните не влијаат рекламите и дека покривањето на некој настан не е поради пријателство или лични интереси.Поради овие причини, тие што ги прават вестите не смеат да бидат попречувани  во ископувањето на вистината и кажувањето на вистината, дури и по цена на финансиските интереси на сопствениците.Меѓутоа, како секоја слобода или право, и слободата на медиумите завршува таму каде што почнуваат правата на другите. Новинарите не смеат во ниту една ситуација бесправно да етикетираат, напаѓаат, омаловажуваат, навредуваат или клеветат било кој поединец. Новинарите не смеат да ги лишат читателите од своето право на точно и вистинито информирање. Слободата на медиумите значи слободно известување за вистината, во рамките на новинарската етика. Слободата на медиумите никако не може да биде штит за манипулацијата, лажното информирање, клеветата, навредата.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.