Во вртологот на вести за пандемијата на коронавирус, тешко може да се открие што е измама или гласнина и кои се виталните информации. КOВИД-19 го трансформира начинот на кој работиме и се забавуваме и сето тоа веќе се чувствува нереално. Затоа, решив да погледнам во една интересна статија објавена на 20 март, од вебстраницата The ​​Verge. Тие го интервјуираа Џон Кук, истражувач за когнитивна наука од универзитетот Џорџ Мејсон и еден од авторите на новиот Прирачник за Теорија на Заговор. Голем љубител на акроними, Кук излегол со пригоден начин како да препознае кога вие или некој што го познавате може да се изгуби низ “дупката“ на теоријата на заговор и како да се „заштитиме“ себеси и другите против тоа.

На прашањето зошто теориите на заговор го загрижуваат, Кук изјави; „Кога ќе помислите на човек кој пишува теории на заговор, понекогаш си мислиме дека е човек со капа од метална фолија, затворен во некој подрум. Но вистината е дека, тоа може да бидат голема држава која намерно произведува теории на заговор од стратешки причини. И така, кога имате влади да ги туркаат сите овие теории на заговор, луѓето се оддалечуваат од вистината. Сега не е тоа што ни треба, баш кога треба сите влади да работат заедно за да се справиме со глобална пандемија како ова.“

Значи, кога се шират теории на заговор, една од работите што ја прави е да ја потресе јавната доверба во институциите, особено владините институции и медицинските институции, кои даваат точни информации. Еден начин на кој тероијата на заговор може да предизвика штета е кога јавноста не ги следи советите што доаѓаат од овие институции. „Значи, ако ЦДЦ ја советува јавноста да одржува социјално растојание, не собирајте се на јавни настани, не одете во ресторани, не одете на концерти или пабови. Луѓето не му веруваат на тој совет затоа што доаѓа од главната институција, тогаш теориите на заговор цутат. И тоа има директни импликации затоа што луѓето почнуваат да се однесуваат на начини што не само што се загрозуваат себеси, туку и ја загрозуваат јавноста“, изјави Кук.

Според Џон Кук, емпатичниот пристап е клучен за да имате вистински разговор со луѓето; „Постојат низа различни решенија што ги наведуваме во прирачникот. И мислам дека се применува генералниот принцип дека „грам превенција вреди кило лек“. Подобро е луѓето да ја спречат теоријата на заговор, отколку да заглават а потоа и да дојде до непоправлива штета. Полесно е да се заштитат луѓето за да не се заразат од теоријата на заговор, отколку да се обидат да ги убедат теоретичарите на заговор дека теоријата на заговор не е вистина. Но, исто така, кога ќе разговарате со теоретичарите на заговор, направете го на начин што не ги загрозува или зајакнува нивните ставови.

Во основа, информирањето на луѓето дава прилика дезинформацијата да биде во послаба форма, така што ќе се објаснува како теоријата на заговор не може да биде вистина и тоа е прилика за приложување на фактите. На пример, со теоријата на заговор дека коронавирусот е создаден во лабораторија, научниците откриле дека тој всушност има природно потекло. Ако вашата цел е да ги убедите теоретичарите на заговор, тогаш емпатичен пристап е неопходен само за да имате нормален дијалог “.

Додека пандемијата на коронавирусот ги изолира семејствата и пријателите во нивните домови, има зголемена комуникација преку интернет или преку телефон, така што прирачникот за теорија на заговор може да биде многу корисен за луѓето во овој тежок период.

 

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

Image Credit: https://pixabay.com/illustrations/mind-peace-peace-of-mind-unity-2176566/

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.