ОПИС

Оригинален наслов: МЕРКЕЛ ЈА ФАТИЈА КЛЕТВИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА- ТАА Е ТЕШКО БОЛНА 

На  19 јуни 2019,  порталот Магазин објави текст со наслов „МЕРКЕЛ ЈА ФАТИЈА КЛЕТВИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА- ТАА Е ТЕШКО БОЛНА“. 

На 18.06.2019  Магазин објави прилог во кој го вклучи видеото во кое  Меркел се тресе. Ова беше само еден ден претходно, пред медиумот да заклучи дека канцелaрката е болна, а ја фатиле македонските клетви.

Во тексот се шпекулира за болеста на германската канцеларка.

Линк до објавата: Магазин

ФАКТ/И

Оваа вест содржи неколку елементи на дезинформација и тоа :

  • Клик бејт

  • Шпекулација

  • Говор на омраза

  • Пристрасно изветување

Самиот наслов  е комбинација од сите овие елементи. Според кодексот на новинари, медиумите мора да ја негуваат културата на говорот и етиката. Во овој случај, забележуваме непримерна комуникација. Клетвите се недозволиви во професионалното новинарско известување.

Медиумите не смеат во своите прилози да изнесуваат пристрасно мислење односно став, со кој претендираат  кон емотивна реакција, односно манипулација на јавноста. Посебно во случаи кога се говори за здравствена состојба.

Насловот  на Магазин, не  сoодвејствува со текстот кој е дел од содржината на оваа вест. Во самиот наслов, новинарот заклучува дека клетвите од Македонија ја фатиле Меркел, па поради тоа таа е тешко болна, што секако не е точно. Клетвите се говор на омраза кој е непримерен за медиумско професионално известување.

Канцларката Меркел по самиот настан кој отвори разни шпекулации за нејзиното здравје, на прес конференција изјавила дека била дехидрирана со што спречи понатамошно ширење на дезинформации за нејзиното здравје.

Медиумите треба да известуваат професионално согласно Кодексот на новинари. Јавноста треба да ја знае вистината и не смее да биде манипулирана.


logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.