Теано Кардула е една од ретките личности која придонесе со својата креативност во информирање на јавноста за превентивните мерки до кои треба да се придржуваме сите во овој сензитивен период. Нејзина креативност доби поддршка и благодарност од страна на министерот за здравство Венко Филипче. Истиот ден, се обезбеди јазична поддршка на инфографикот на 8 јазици, па така покрај македонскиот, тој беше достапен на албански, турски, влашки, ромски, босански, англиски и српски јазик.Сепак ни оваа добра намера не помина без да биде злоупотребена за политички поени во (сега веќе откажаниот) предизборниот период. Имено, на социјалните мрежи уште истиот ден, се споделуваше фотомонтажа на инфографиконот изработен од Теано, кој беше преработен за политички цели.И самата Теано на својот фб профил објави пост во кој укажува дека нема никаква поврзаност со преработката на инфографот, и дека истовремено името и информациите и се злоупотребени за политички поени.Тимот на F2N2 се обиде да го пронајде изворот на преработената слика и според нашето истражување истата е преработена од страна на Здравко Китаноски на чиј што профил е објавена во 13:38. Доколку истата слика ја имате видено на нечиј друг профил со време на објавување порано од горенаведеното, Ве замолуваме да не информирате и во исто време се извинуваме доколку нашата информација се потврди како невистинита.Придржувајте се до препораките и информациите од Светската здравствена организација и Министерството за здравство. За општо добро се работи – БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ!
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО