ОПИС

Преку социјалните мрежи на 27.04.2020 се споделува монтирана фотографија , на која стои дека на седница на 27.04.2020, Владата донела Уредба  за продолжување на учебната година 2019/2020 на територијата на Република Северна Македонија.

ФАКТ/И

Фотографијата која се споделува преку социјалните мрежи е монтирана, а пласираните податоци на сликата се дезинформации. Владата на 27.04.2020 не одржа седница.  Седницата на која треба да се одлучува како ќе се организира учебната година, треба да се одржи на 28.04.2020.

МОН информираше дека на оваа седница ќе предложи, годинава да не се полага државна матура, додека приемниот испит за студентите на факултет,  ќе се одвива според постигнатиот успех во текот на школувањето. Според министерот Адеми, мала е веројатноста до јуни учениците да се вратат помеѓу училишните клупи.

Тој изјави дека: „ извесно е дека училиштата ќе останат затворени до крајот на учебната година, поради ризикот од вирусот. Сепак за тоа ќе треба да пресече Комисијата за заразни болести“.

Останува нејасно кој ја направил фотомонтажата со дезинформациите и официјалните бележја на Владата, со цел јавноста да биде изманипулирана.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.