Како и многу други нешта, социјалното дистанцирање е луксуз недостапен во Сирија, која е уништена од војната. Според медицинскиот персонал на терен[1], најмалку 100.000 би можеле да умрат од пандемијата COVID-19 во северозападна Сирија бидејќи пренатрупаните кампови и распаднатиот здравствен систем ја прават земјата особено ранлива. „За една година изгубивме околу 76 здравствени установи во северозападна Сирија“, рече д-р Мунзер ал-Калил, од Дирекцијата за здравство Идлиб, во изјавата објавена од “Сирија Фри Кампењ“ на 28 март. „Донаторите ги намалија средствата, а медицинскиот персонал е или убиен, уапсен или раселен. Здравствениот сектор во Идлиб не може да се справи со неизбежното избувнување на вирусот и се плашиме дека 100 000 луѓе би можеле да умрат, освен ако не добиеме резерви веднаш“, додаде тој.

Владата на Башар ал Асад воведе блокирање на делови од земјата што ја контролира и вели дека ги дезинфицира улиците и зградите. Други области на Сирија – вклучително и северозападниот дел на курдските води и северозападниот дел на бунтовниците – исто така се обидуваат да се подготват за пандемијата, бидејќи училиштата се затворени и полицијата стапува на сила. Агенциите за помош и невладините организации се обидуваат да стекнат и да донесат потребна медицинска опрема, идентификуваат болници што можат да ги изолираат пациентите и испораките на помош се делат на начин при што се трудат да не јавни собири на улица[2].

Според написот објавен од „Њу Хјуманитариан“ на 30 март, Сирија официјално ја објави првата смрт од КОВИД-19 во Недела, додека различни делови во земјата се борат да се подготват за ширење на вирусот. Државната новинска агенција соопшти дека една жена која починала, кратко време откако била однесена во болница на итно лекување, таа била позитивна на тестот за КОВИД-19. Сирија го достигна бројот до 10 заразени, иако распространето тестирање не е спроведено во поголемиот дел од земјата.

Идлиб, северозападниот регион каде има три милиони луѓе, од кои половината се раселени во другите делови на земјата, во моментов брои само 105 легла, според ал-Калил. „Нашите вентилатори се секогаш 100% окупирани и немаме ниту еден кревет подготвен при случај на Коронавирус. Камповите се “совршено“ место за размножување на вирусот и поголема моќност, бидејки десет или повеќе луѓе делат еден шатор. Луѓето немаат доволно вода за пиење, а камоли да ги мијат рацете “, додаде тој.

 

Специјалниот претставник на ООН во Сирија, Геир О. Педерсен, кој претходно оваа недела повика на итен прекин на огнот низ целата земја, за да се овозможи помош за пристап до сите делови на земјата, тој исто така изрази загриженост за лицата кои се наоѓаат во притвор во центрите низ државата.

Педерсен апелираше „врз хуманитарна основа потребно е разрешување на притворените и заложниците“. Семејствата кои водат кампања за слобода и правда на затворениците во Сирија, рекоа дека се преплашени од ширењето на КОВИД-19 во подземните зандани на режимот. “Сирискиот режим кој ги ни ги одзема саканите, нема интерес да ги заштити притворените. Светот сфати дека КОВИД-19 може да биде смртоносен за оние со компромитиран имунолошки систем и стари лица, но што е со оние кои умират од глад, тортура, и кои се оставени да се соочат сами со овој вирус“, рече д-р Хала ал-Гави, од Семејства за Слобода, во изјавата. „Во најмала рака, меѓународните здравствени организации, како СЗО, мора да имаат редовен пристап до притворите, со цел да се обезбедат критични санитарни мерки и медицински третман на притворените“, продолжи тој.

 

 

Мерал Мусли Тајроска – психолог, консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.

 

[1] https://www.euronews.com/2020/03/28/at-least-100-000-could-die-from-covid-19-in-syria-warn-ngos

[2] https://www.thenewhumanitarian.org/news/2020/03/30/syria-coronavirus-first-death

 

Image Credit: https://pixabay.com/illustrations/syria-war-victims-refugees-help-1202174/

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.