На 17 ноември, 2020 година, веб-страницата Tvalsazrisi.ge објави статија под наслов „Нема да се заразите со Ковид, ако го користите овој најлесен метод, еднаш во три дена“. Споменатата статија, сокот од лимон и упатства како да се користи, го претставува како превентивна мерка против инфекцијата со Ковид-19.Написот доаѓа со видео од руската телевизија Телекола, каде се прикажува пресек од интервјуто со д-р Јосеф Воск. На ова видео, лекарот препорачува дезинфекција на грлото и носната шуплина со употреба на сок од лимон, како заштита од вирусот, врз основа на неговото 54-годишно медицинско искуство, па заедно со модераторот ги повикува гледачите да ја повторат оваа постапка дома.Информацијата дека сокот од лимон е превентивна мерка против КОВИД-19, е лажна. Тоа е еден од митовите поврзани со КОВИД-19 кои беа разоткриени од Светската здравствена организација (СЗО). Според СЗО и Националните академии на науки и медицина на САД, сокот од лимон не може да спречи КОВИД-19. Според BBC, ова тврдење е еден од најчестите митови поврзани со коронавирусите.Извор: mythdetector.ge
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО