На 15.03.2020 на социјалната мрежа Фејсбук, во групата на Think.mk која се претставува како личен блог, споделен е пост со дезинформација за Корона вирусот.Постот кој повикува на споделување на оваа дезинформација, во групата која брои 141.794 следбеници, до моментот на подготвување на овој текст, има 4.600 споделувања од поединци. Оваа дезинформација е споделена и на групите Никогаш не вели никогаш и Патека на животот кои што заедно бројат повеќе од 400 споделувања. Блогот Think.mk кој стои зад оваа фејсбук страна, нема импресум ни наведено одговорно лице.СЗО гаргарата со солена вода веќе ја вброи како еден од митовите кои се шират за COVID-19.Тврдењата кои се изнесени во овој пост на Think.mk, не се поткрепени со научни факти.Проверувачите на факти Snopes.com на 14.03.2020 веќе ја пресретнаа оваа дезинформација. И колегите од КриТинк на 16.03.2020 ги проверуваа научните факти со кои се пресретнува оваа манипулација.Министерството за здравство постојано нагласува граѓаните да се информираат од официјални извори. Во таа насока, ги повикуваат граѓаните сите информации да ги бараат на нивната страна која е достапна и постојано се дополнува со сите детали поврзани со КОВИД 19 (корона вирус).
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО