Здравствена состојба на Британскиот Премиер Борис Џонсон денес (четврток 09.04.2020) се подобрува. Тој беше примен во болницата Св.Томас, во неделата (05.04.2020), а веќе во понеделникот поради влошување на неговата здравствена состојба беше префлен на интензивна нега.

Во изминатите неколку денови, низа лажни вести поврзани со неговата состјба се појавија, во Северна Македонија, пошироко во регионот но и глобално, низ светот. F2N2 пишуваше за лажната вест која беше пласирана од страна на Руската РИА новости, а тоа е дека Борис Џонсон е веќе на респиратор, нешто што многу брзо беше демантирано. Единствената вистина е дека Џонсон добил оксигенска маска, нешто што по многу работи се разликува од респиратор.

Во текот на утрото денес (09.04.2020) Министерот за култура Оливер Доден изјави дека: “Работите со него одат на подобро, тој е стабилен, подобар, седи и комуницира со медицинскиот персонал“.

Во ова време невреме, вестите, мора многу внимателно да се проверуваат, пренесувањето на полувистини и ширењето на пропаганда може да предизвика последици од несогледиви размери за секое општество.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.