(Ројтерс) - Надворешните советници на американската Администрација за храна и лекови на панелот во четвртокот 10.12.2020, со големо мнозинство гласаа за одобрување на итна употреба на вакцината на Фајзер против коронавирусот, отворајќи го патот агенцијата да ја одобри имунизацијата за нацијата која досега изгуби повеќе од 285,000 животи од КОВИД-19.Се очекува ФДА да одобри употреба во итни случаи многу скоро. По одлуката за одобрување, ќе следи дистрибуцијата низ САД.Комитетот изгласа 17-4 за препознатите придобивки од вакцината, кои ги надминуваат ризиците кај лица од 16 години и повозрасни. Еден член од комисијата бил воздржан.Фајзер побара вакцината со две дози да биде одобрена за употреба кај лица на возраст од 16 до 85 години. Неколку членови на советничкиот панел дискутирале дали треба да бидат вклучени во препораката деца од 16 и 17 години. На крајот, тие гласале за прашањето поставено од ФДА, во кое се вклучени лица од 16 до 17 години.На панелот, според ФДА е истакнато дека нема доволно податоци за поддршка или противречност при употребата на вакцината кај бремени жени. Агенцијата препорачува тие да ја донесат одлуката сами во координација со нивните лекари. Извор: Ројтерс
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО