Во периодот по Студената војна се забележува пораст на екстремната десница што влијаеше врз политиките во Европа. Исто така, се бележи пораст на ксенофобијата и насилството врз имигрантите, посебно по 11 септември, особено кон муслиманските имигранти, бегалците или оние кои поддржуваат политики за мултикултурализам. Екстремната десница премина „од маргините кон водечките движења“ во европската политика (Муде, 2013: 2), како што се забележува на различните полиња од почетокот на овој век. Прво, зголемен е бројот на гласови за екстремно десничарските партии на разни локални, национални и избори за Европски парламент (ЕП). Второ, се бележи пораст на екстремно десничарските организации и екстремно десничарското насилство. Трето, се случува нормализирање и вклучување на екстремно десничарскиот политички дискурс во главните движења, кој е најопасниот за иднината на Европа затоа што ѝ дозволува на екстремната десницата да влијае врз агендата и дискурсот на водечките партии, особено на оние на христијанските демократи.Овие манифестации претставуваат основни предизвици во одржувањето на мирот во Европа и продолжувањето на проектот Европска Унија. Како што покажуваат убиствата во Осло, екстремно десничарските тенденции не се само опасни за имигрантите и малцинствата; тие исто така ги загрозуваат сите европски општества (Фекете, 2012). Затоа е неопходно да се справиме со новата екстремна десница, не само во однос на изборната политика, туку и во другите сфери каде што тие имаат влијание (Гудвин и др. 2012: 4).За именување на најекстремно десничарските партии се користат различни називи, како „радикално десничарски“, „популистички“, „екстремно десничарски“, „десничарско популистички“ и „радикално десничарско популистички“ (Муде, 2007). Муде (2014: 98-99) го користи терминот ’екстремната десница’ како концепт што ги вклучува и екстремно десничарската и популистичко радикалната десница. „Екстремната десница“ целосно ја отфрла демократијата, додека радикалната десница ја прифаќа демократијата, но ја отфрла либералната демократија, која вклучува плурализам и малцински права.Според Википедија, дефиницијата за екстремна десница во САД е следнава: Во политиката на Соединетите држави, радикалната десница е политичка преференца што се потпира на екстремниот конзерватизам, антисоцијализам и други десничарски верувања во хиерархиска структура. Терминот за прв пат се користеше од социјалните научници во 1950-тите години, и се однесува на мали групи како што е друштвото „Џон Бирч“ во САД и оттогаш се применува за слични групи ширум светот.Иако дефинициите се слични, приложуваме уште една од Фондацијата Фридрих Еберт, во една книга од 2011 година, која поинаку ги дефинира термините „десничарски екстремизам“ и „десничарски популизам“. Во 1996 година, холандскиот политички научник Кас Муде истакна дека во повеќето европски земји термините „радикална десница“ и „екстремна десница“ се користеле наизменично. Тој ја наведе Германија како исклучок, истакнувајќи дека меѓу политичките научници во таа нација, терминот „радикална десница“ (Rechsradikalismus) се користел во однос на оние десничарски групи кои биле надвор од политичкиот мејнстрим, но кои не го загрозувале „слободниот демократски поредок“; така, овој термин бил користен спротивно од „екстремна десница“ (Rechsextremen), кој се однесувал на групи што ја загрозувале уставноста на државата и според тоа, можеле да бидат забранети со германскиот закон.Подеднакво општо кажано, десницата се занимава со принципите на конзервативизмот, што претставува верба во зачувувањето на традиционалните воспоставени вредности и институции, како што се монархијата и црквата. Конзервативизмот е изграден врз идејата за дефиниран национален идентитет и опфаќа монокултурно, наместо мултикултурно општество. Политичкиот конзервативизам е поврзан со идејата за капитализмот, идејата дека економијата е најсилна кога се заснова на конкурентни фракции, каде богатството е во рацете на малкумина и се користи за вработување на мнозинството.Екстремната десница би била Политички фашизам. Фашизмот може да се дефинира како автократија на лидер или влада, силна националистичка агенда и про-униформен пристап. Разновидноста не се поддржува во рамките на фашистичката идеологија. Акцентот е ставен на сообразување со обединетите цели на државата.Екстремната десница за која зборува групата „Отпор кон Омразата“ (Resisting Hate) и другите групи против омраза, содржат одредени заеднички клучни карактеристики. Првата е национализмот. Важно е да се направи разлика помеѓу национализмот и патриотизмот. Патриотизмот претставува љубов кон нечија земја, додека национализмот е верување дека една земја и нејзините луѓе се супериорни во однос на другите. Патриотизмот може да е дел и од левичарската и од десничарската политика. Национализмот е десничарска идеологија.Десничарската политика има силно чувство за национален и културен идентитет што може да биде позитивно обележје, но екстремната десница го носи ова подалеку и ја перцепира интеграцијата со другите култури како закана за нивното чувство за идентитет. Притоа, тие го отфрлаат концептот на различност и почнуваат да ги гледаат тие со различна раса или култура како потенцијални узурпатори на нивната земја и разредувачи на нивните културни вредности. Ова може да доведе до немири во рамките на заедниците и предрасуди кон оние за кои не се смета дека имаат иста расна или културна позадина.Екстремната десница покажува карактеристики на елитизам или ексклузивност. Ова е тесно поврзано со идејата за расно и културно зачувување, но со акцент на фактот дека една заедница се истакнува како „супериорна“. Ова може да се забележи кај екстремно десничарските бели супремацистички групи, кои повикуваат на поголемо размножување кај белите луѓе за да се осигура дека нивната раса ја преживува „заканата“ од мешање на крвта со други етнички групи. Не е тешко да се види колку е тесно поврзан овој елитизам со расизмот. Подеднакво е лесно да се види паралелата помеѓу оваа идеја за расната чистота со опсесијата на нацистичка Германија со ариевската раса.Во согласност со идејата за традиционално и, до одреден степен, хомогено општество, екстремната десница ги отфрла либералните идеали за актуелизирање на индивидуалноста и ги осудува поединците кои не се согласуваат со нивните однапред предодредени идеи за тоа како луѓето треба да се однесуваат. Тука наидуваме на предрасуди за полот и сексуалноста, кои од екстремната десница често се сметаат за неприродно човечко однесување. Исто така, се среќаваме со религиозни предрасуди со екстремните десничари кои се самоидентификуваат како бранители на христијанската вера и го користат изговорот да ги поддржуваат христијанските вредности како начин за предизвикување судир со другите религии.Примарната тактика што се користи за унапредување на екстремно десничарската агенда е чувството на спремност во одбраната на нацијата или заедницата од надворешна закана. Ова го видовме низ историјата со прогонство на луѓето со друга боја на кожа, хомосексуалците, Евреите, Муслиманите и другите малцински групи. Ова беше јасно илустрирано за време на референдумот за Брексит со наславниот постер „Критичната точка“ (Breaking Point) на Најџел Фараж, кој се обиде да ги прикаже имигрантите како натрапници со цел да се обедини и мобилизира екстремната десница против заедничкиот „непријател“. Мерал Мусли Тајроска – Психолог, Консултант за насилен екстремизам и радикализација, активист за родова еднаквост.  https://dergipark.org.tr/tr/download/article-file/1610 https://en.wikipedia.org/wiki/Radical_right_(United_States)https://en.wikipedia.org/wiki/Radical_right_(Europe)#Terminology_and_definition

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.