Порталот Спутник е една од клучните алатки во стратешкиот план на руската пропаганда. Наративот на овој портал е насочен кон загревање и поттикнување поделби, ширење на шпекулации и дезинформации, кои треба да предизвикаат раздор кој ќе може да прерасне во некој судир.  Спутник е руска информативна агенција која води потекло од РИА Новости. На Балканот својата медиумска агенда ја преставува и преку регионалното претставништво - Спутник Србија.Серијалот на Спутник за земјава е навистина обемен.  Текстови се објавуваат скоро континуирано, со наративи кои се повторуваат во циклуси. Спутник како свои соговорници често ги користи Ристо Никовски, Цветин Чилиманов, Миленко НеделковскиГолема Албанија; ЦИА и странски служби, Државен удар, главни акценти на Спутник пред 27 април 2017. На 06 април 2017, српската верзија на Спутник објави текст со акцент на теоријата за Голема Албанија, во кој ја пласира тезата уште во самиот наслов: „Косово плус Македонија — „Велика Албанија“.  Според Спутник, актуелната криза во Северна Македонија е подметната од странство, со цел земјата да се федерализира со отцепување на Албанците.  Само неколку дена по овој текст, Спутник Србија на 26 април 2017, објави нов текст со наслов Стои ли ЦИА позади конфликтот во Македонија“  алудирајќи на потенцијална можност за нови инциденти слични на тој од Куманово во 2015. Наративот со странското влијание беше често користен во неколку текстови на Спутник 2017.  Тие го подгреваат и сценариото за државен удар, кој на некој начин беше предвесник на настаните од 27.04.2017.Некои медиуми во земјава, ја прифатија пропагандата на Спутник, следејќи го наративот за наводни многубројни екстремисти со големи количини оружје,  кои преку граница од северозапад влегуваа во земјава.Кога не се користи овој наратив, се вклучува агендата со мигрантите. Па така, на 03 април 2017, Спутник Србија објави Ако ЕУ го подржи Заев, Скопје добива мигрантско цунами“.Голема Албанија се користи постојано, а се проширува и нејзиниот концепт како опасност за цел регион. Скоро во сите циклуси, пропагандата за Голема Албанија се користи како тајно буре барут, кое се пали по потреба. Во своите прилози, постојано заклучуваат дека статусот на Албанците во голема мера ја фокусира насоката на земјава, притоа вешто го вметнуваат моментот на одржливост кој се става под знак прашалник.Наративот за Голема Албанија се збогатува со концептот на  Лазански, според кој Америка ја наоружува Албанија.imageСтратезите на Кремљ во земјава, постојано настојуваат преку своите публикации да ги пласираат етничките и политичките прашања поврзани со албанското малцинство како дел од аспирациите за членство во НАТО.Спутник недвосмислено укажува дека Албанците се причината за нестабилност во Македонија.Наратив со фокус на Голема Албанија беше сервиран и преку српскиот министер за одбрана Вулин.Во агендата за ова сценарио, најсвеж е поздравот на новиот претседател Стево Пендаровски, кој е преставен во насока на наклонетост на политиката на Северна Македонија кон Косово на 06.05.2019.Картата на Голема Албанија, често е во игра на Спутник со акцент на земјава.Проблемот на Голема Албанија дури се поврзува и со влезот на Северна Македонија во НАТО.РУСКИ ФОКУС: ЗАПАДОТ ГО КРЧКА СЦЕНАРИТО ЗА НЕСТАБИЛНОСТНа 02.02.2017 Спутник ја опишува кризата со следниов наслов: „Москва: Македонија е  под странско влијание“ укажувајќи на тоа дека Западот смислено поттикнува криза во земјава.Америка го пали Балканот, анализира Миленко Неделковски за Спутник, според кого ова е смислено сценарио за дестабилизирање на Европа. Во својата анализа тој како поткрепа ги вклучува  масакрот кај Смиљковското езеро, немирите во Куманово, па дури и пласира сценарио за тероризам на скопскиот маратон.Покрај Америка во пропагандното сценарио е вклучена и ЕУ, за која се анализира дека е толератна кон шверцот со оружје.Во својот наратив, Спутник скоро секогаш го врзува Западот со кризата во земјава.НИ ЦРКВАТА НЕ Е ИСКЛУЧЕНА  КАКО МОЖНОСТ Пропагандата не го исклучува ни влијанието на црквата. Целта на оваа долгорочна стратегија е да се зголеми влијанието на Русија на Балканот и да се предизвикаат проблеми за интегрирањето во НАТО на нашата земја.Русија внимателно, како под лупа го следи секој миг кој се одвива на релација МПЦ-СПЦ. На 27.05.2019  го објави текстот  „Се спрема ли голем пресврт  во спорот меѓу Српската и неканонската Македонска православна црква“, со прашална форма уште во самиот наслов.Претходно, во неколку наврати, Спутник ја акцентираше автокефалноста на МПЦ како проблем на кој треба да се внимава.Кремљ упорно тврди дека Северна Македонија е мала земја со минорна значење за НАТО. Но, спротивно на оваа теза, вложи огромни напори за да ја оневозможи шансата на земјава да се приклучи кон алијансата.  Она што се забележува се трендовите дека пропагандата најсилно се активира пред некои значајни настани, избори, посети на значајни личности,носења на одлуки и слично, што укажува на фактот дека случувањата се следат мошне внимателно.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.