Како што одминува времето, дезинформациите на тема Бугарија-Северна Македонија земаат се поголем замав. Деновиве на социјалните медиуми актуелна стана една фотографија од наводно некаква полициска станица на која што се гледаат бугарското и знамето на некогашната Нацистичка Германија.

Уште еден од многуте обиди да се наштети на процесот кој што се одвива помеѓу Скопје и Софија. Фотографијата се појавува во 2016 година на социјалните медиумите во Бугарија, но уште тогаш е разобличена од страна на бугарски медиуми кои што наведуваат дека се работи за манипулација. Како и кај нив во тоа време, исто така и во Северна Македонија фотографијата предизвика голем број на реакции од јавноста, во обид да го спречат ширењето на оваа манипулација.

За што всушност станува збор

Станува збор за снимање на сцена од филм (Шменти капели) снимена во бугарскиот град Русе, а зградата на која што се поставени таблата и знамињата всушност е Колеџ за машинско инженерство. За иронијата да е уште поголема, фотографијата која што се споделува е скратена, односно на оригиналната фотографија (приложена под овој параграф) од левата страна може да се забележи клима уред, нешто што не е својствено за периодот кога се одвивала Втората светска војна. За човекот во долниот лев агол што зборува на мобилен телефон да не правиме воопшто муабет 😊.

Низ годините оваа фотографија се споделува на социјалните мрежи кај нас, во исклучително важни моменти или датуми поврзани со евроатлантските интеграции на државата. Па така, Твитер профилот @Апсаана, профил кој што е поврзан со движењето Бојкотирам, на 11.10.2019 ја објавил  скратена верзија во која доказите дека не се работи за Втората светска војна не се гледаат. Очигледно смислена провокација. Движењето Бојкотирам континуирано од 2018 година се обидува да им наштети на евроатлантските аспирации на Северна Македонија.

Краткото истражување на Ф2Н2 покажа дека манипулативни фотографии со тема од Втората светска војна се користат како метод за манипулирање на јавноста и во други земји. Фотографија со знамето на Украина и Нацистичка Германија се споделувала во 2017 година на социјалните медиуми во Украина.

 

И во двата случаеви станува збор за фотографии кои се направени за време на снимање на филм и истите се користат за манипулирање на јавноста.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.