Оригинален наслов: Сорос : Ако продолжи пандемијата ќе се распадне европската унија
Порталот рециклира стара изјава на Џорџ Сорос со цел да шири анти-ЕУ наратив.На 5-ти декември порталот Во Центар објави текст со наслов Сорос : Ако продолжи пандемијата ќе се распадне европската унија. Авторот на текстот се повикува на изјава на Џорџ Сорос за Ројтерс. Имено тој изјавил дека дека пандемијата на корона-вирусот се заканува на опстанокот на Европската Унија и во тој контекст, тој се залага за издавање на европски обврзници за помош на тешко погодените земји. „Ако ЕУ не може да го разгледа ова сега, можеби нема да ги преживее предизвиците со кои се соочува сега“.
Но сепак Сорос вели има решение, односно според него треба да им се даде помош на сиромашните држави, а големите ќе успеат да опстанат и без помош.
Изјавата е дадена во мај 2020 година, кога беше и објавен текстот од страна на Ројтерс, и кога земјите членки на Европската Унија погодени од пандемијата бараа начин за донесување мерки за справување со корона-вирусот. Старата вест порталот ја искористил да креира “нова” информација за навoдна можност за распаѓање на Европската Унија ако пандемијата продолжи.
Последните информации за тоа како Европската Унија се справува со пандемијата покажуваат дека не постои можност за нејзино распаѓање.
Заклучно со 1-ви декември, Европската комисија исплатила 40 милијарди евра на 15 земји-членки преку инструментот СИГУРНОСТ (SURE, поддршка за ублажување на ризикот од невработеност во вонредна состојба).
Оваа поддршка во форма на заеми дадени под поволни услови ќе им помогне на земјите-членки во решавањето на ненадејните зголемувања на јавните трошоци за одржувањето на вработеноста. Поточно, тие ќе помогнат да се покријат трошоците директно поврзани со финансирањето на националните шеми за скратено работно време и други слични мерки што ги воспоставија како одговор на пандемијата на КОВИД-19, вклучително и за самовработените.
ЕУ исто така неколку пати издаваше социјални обврзници во рамките на инструментот СИГУРНОСТ за кои инвеститорите покажаа голем интерес. Ова резултираше со поволни услови на обврзниците, односно земјите-членки ќе добиваат повеќе заеми отколку што ќе треба да отплатат.
Ова е пример како рециклиран текст се користи за ширење на нарaтивот против Европската Унија. Всушност ова е наративот кој се појави на почетокот пандемијата тврдејќи дека тоа ќе биде крајот на ЕУ. Целта е манипулирање со јавноста во насока на наметнување недоверба во целиот процес на евроинтеграции и поттикнување евроскептицизам.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО