Емисијата 360º во пресрет на американските избори на 3 ноември, сними прилог во веќе познатата фарма за лажни вести Велес. Од прилогот може да слушнеме дека велешани сметаат дека 2016 година во никој случај нема да се повтори, годината кога сериозно заработија од производството и пласманот на лажни вести. Тоа не значи дека бизнисот е целосно замрен што, пак, продолжува да ја става земјава во непријатна ситуација. Росана Алексоска, шефица на проектот за борба против лажни вести „F2N2“” за емисијата 360˚ го изјави следното: Тие претставуваат и безбедносна закана за секоја земја. Еве да кажеме во случајот со пандемијата од ковид, дезинформациите за коронавирусот претставуваат закана по здравјето на граѓаните.Меѓу другото Алексоска предупредува дека пасивноста на Северна Македонија може да создаде проблем онаму каде што го нема.„Не можеме да ги анализираме само од аспект на тоа дали го прекршуваат правото и дали се работи за финансиска заработка или не. Нашата држава мора поодлучно да се спротивстави, бидејќи еве како што гледаме не е проблем само во нашата домашна информациска сфера, веќе почнува нашата земја да станува проблем и за другите држави. Преку ваквите активности Северна Македонија ризикува да биде карактеризирана како земја од која потекнуваат дезинформации кои таргетираат граѓани на други земји. Следно, многу е лесно и легитимно кој било да го карактеризира ова и како мешање во внатрешните работи на другите земји.“ Објавата од 360º можете да ја погледнете тука.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО