Останувањето дома е најдобриот начин да се заштитиме самите и луѓето околу нас.
Пред неколку дена во текст Ф2Н2 и посочи на јавноста дека од страна на свештениците од Повардарската епархија се врши осветување на градовите кое во комбинација со политичка пропаганда меѓудругото ги повика верниците да ги посетуваат храмовите.
Без намера да мудруваме, би сакале да ги информираме нашите читатели дека утрово во српските медиуми одекна веста дека Епископот Ваљевски на Српската Православна Црква Милутин во текот на ноќта ја изгубил битката со коронавирусот. Ова е последниот во низата случаи во кои свештени лица се заразени и подоцна починати од вирусот. Неодамна и реномираниот британски информативен сервис ББЦ објави вест дека најмалку 50 свештеници се починати од коронавирусот.
Изразуваме искрено жалење за сите овие случаи, и истовремено ги замолуваме читателите и верниците сериозно да се придржуваат кон препораките на Владата на РСМ, МПЦ – Охридска Архиепископија како и на Вселенската Патријаршија.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО