На 22ри Март, 2020 година, порталот Лидер објави вест со која уверува дека на скопскиот аеродром некој „мистериозен“ авион донел некоја пратка и дека по половина час го напуштил аеродромот. Во текстот се вели дека пратките кои се донесени со овој авион никој не кажува што се и од каде се, и се поставува прашањето, како во време кога аеродромот во Скопје е затворен поради вирусот Корона, сеуште слетуваат авиони од други држави. Порталот објавил и фотографија од авионот којшто доаѓал преку Англија и Австрија.
Два дена по објавата на порталот Лидер, на 24.03.2020, порталот makedonskivesnik.mk објави пост на професорката Тања Каракамишева, која што прашува „што ви донесоа вашите “пријатели”?“.
Факт е дека на 19 ти март, 2020 година, на аеродромот во Скопје слетал карго авион, што не е забрането, бидејќи според одлуката на Владата, аеродромот е затворен само за патници, а не и за пратки на лекови, храна и други производи кои се потребни за живот на граѓаните.
Во одговор на F2N2 од ТАВ Македонија велат дека аеродромот е затворен само за патнички летови. Цитирајќи ја одлуката на Владата на Северна Македонија од 16.03.2020 година потсетуваат дека има голем број изземени карго летови за медицински, воени и други потреби.
Одговор на ТАВ Македонија за F2N2
“Согласно Одлуката на Владата, Меѓународниот Аеродром Скопје е затворен за патничките летови. Оттука, за сите информации поврзани со изземените типови на летови, како што се: карго, државни, воени, медицински, санитарни и хуманитарни летови, ве молиме контактирајте ги надлежните државни власти. “
Иако голем број на европски земји ги затворија аеродромите и границите, на web страницата на flightradar во кој што во живо се прикажуваа сиот авионски сообраќај низ светот, се гледа дека низ Европа има многу големо раздвижување.Фотографијата во прилог е направена на 26 март 2020 година, во 16:00 часот.
Тука може да најдете анализа за скоро сите држави во светот кои што одлучиле да ги затворат аеродромите за патници, но отворени за карго авиони за да се види дека Северна Македонија не е исклучок.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО