Коронавирусот е дело на милјардерите Бил Гејтс, Блумберг и новиот Сорос, Пјер Омидјар. Вака гласи насловот на веста на порталот Mexpress.mk, објавена на датум 25.03.2020 година.

Во неа еден куп теории на заговор, се раскажуваат неколку настани, се прави некакво поврзување, но ниту едно од нив, не дава никаква потврда дека појавата на коронавирусот е дело на милијардери.

Ако е така можеби и никој од најбогатите луѓе на светот немаше да биде заразен од вирусот COVID-19, но тоа не така. Како пример може да го земеме и Принцот Чарлс, 71-годишниот наследник на британскиот трон и човек кој “тежи“ 400 милиони долари, кој е заразен од вирусот COVID-19.

Од коронавирус заразен е и британскиот премиер Борис Џонсон.

Сепак во ова време можеби би било подобро да се пишуваат вести кои се потвредени и точни, отколку да се шпекулира со различни терории.

Она што е точна вест е дека Бил Гејтс заедно со сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг ќе донираат 25 милиони долари во борбата против коронавирусот.

Исто така основачот на „Алибаба“, Џек Ма, вториот најбогат човек во Кина, вети 14 милиони американски долари од неговата фондација за да помогне во развојот на вакцина против коронавирусот, донација од 500.000 комплети за тестирање и еден милион маски за лице на САД.

На следниов линк, може да прочитате и имиња на многу други милијардери кои што на секаков начин се вклучија во борбата против COVID-19.

 

За разлика од повеќето светски милијардери, руските олигарси се одлучија на друг чекор. Проектот за борба против организиран криминал и корупција OCCRP, повикувајќи се на Moscow Times, пишува дека руските олигарси си купуваат респиратори за себе, во случај да бидат погодени од коронавирусот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.