The Saker of the Vineyard
е блог на пензиониран офицер од Црвениот крст на Швајцарија, кој живее во Флорида и ја брани Русија од енигматската империја. Сакер стана франшиза за меѓународна мрежа на про-Кремљ собири, со филијали во Германија, Италија, Латинска Америка и Русија. Сакер е еден вид сокол, ендемичен на степите на Евроазија. Името на блогот е анаграм на името на блогерот.Сакер ги поврзува руските националистички групи и места со северно-американските антисемитски групи; на пр. Руски комунисти со француски и италијански десничарски активисти, или христијаните со агресивни силеџии. Тоа е успешна франшиза во светот на дезинформацијата.Што е Сакер? Да започнеме со оригиналната верзија на страницата на англиски јазик. Регистриран е на Исланд. Блогот започна како скромна страница на
Blogspot
во 2007 година и полека се разви во меѓународен бренд. Ознаката на страницата е „Запрете ја војната на Империјата врз Русија“. Авторот се опишува себеси со овие зборови: „Непочитување на социјалните догми и норми, се спротивставува и пркоси кон авторитетот, бунтовник и агресивен по природа, длабоко контрадикторен, либерален.“Сакер звучи како навистина импресивен човек; со интегритет. „Пркосен кон авторитетот“. Леле. Кој не би сакал да биде како Сакер? Само што, неговиот пркос, за жал, е многу едностран. Тој посветено се усогласува себеси со сè што вели Кремљ. Како на пр. дека
Нацистите управуваат со Украина
, или дека Балтичките држави се
агресивни
, или дека Русија носи
мир во Сирија
. Практично, што и да вели Кремљ, се повторува, верно, од страна на Сакер:
МХ17
,
Скрипал
- дури и наративот за
Евровизија
се раскажува во стил на Кремљ.
Империја на злото
Вистинскиот непријател на Сакер е „Империјата“. Ознаката на блогот на Сакер е „Запрете ја војната на Империјата врз Русија“. И тоа не е било која стара империја - туку Англо-ционистичката империја. Сакер детално образложува: „Империјата на САД е управувана од страна на 1% (или помалку) елита која може да се нарече „длабока држава“ која е составена од две главни групи: Англичани и Евреи. Овие две групи на многу начини се непријателски настроени едни кон други (исто како СС и СА или Троцкисти и Сталинисти), но тие имаат неколку заеднички работи; 1) расистички поглед кон остатокот од човештвото 2) месијанска идеологија 3) склоност за насилство 4 ) опсесија со пари и алчност и нејзината моќ да се расипат. Така тие соработуваат тие скоро цело време.“Сакер има подготвен одговор на сите што сугерираат дека горенаведеното тврдење е расистичко и антисемитско, на што тој вели: „Не ми е гајле“.Целата статија може да ја прочитате
тука
. Извор:
EUvsDisinfo
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО