Уште еден сегмент од насловот оди во насока на тоа дека целокупниот текст неможе да се смета за релевантен е фактот што програмираните трошоци за 2019 година, кои се буџетирани некаде кон почетокот на 2019 година, се поврзуваат со коронавирус пандемијата која започна кон самиот крај на 2019 година. Како ли би можел органот задолжен за донесување (изгласување) на буџетот во секоја држава, да мисли и да програмира во буџетот средства за вонредна состојба која се уште се нема случено? Доколку зголемувањето од 2018/2019 претставува 3.6%, зголемувањето од 2017/2018 претставува 2.6%, од кадешто може да се забележи дека не станува збор за енормно отстапување од стапката на раст.
Средствата кои развиените земји ги издвојуваат за воени намени претставуваат огромни суми кои привлекуваат доста внимание во медиумите. Тоа е разбирливо, бидејќи секој еден граѓанин е заинтересиран за тоа: за што и како се трошат јавните пари во неговата држава. Од друга страна, граѓаните имаат различни чувства во однос на трошоците за воени намени, но генералното мнение е дека тие не се најпосакувани.
Во овој контекст, интересно е истражувањето на Истражувачкиот институт за меѓународен мир во Стокхолм, Шведска, којшто содржи збирен преглед на износите на пари програмирани за воени намени за неколкугодишен период. Имено, се работи за периодот од 1988 – 2018 година. Пришто евидентно е дека по 1998 година, трошоците за воени намени континуирано растат се до 2010 година. Од 2010 година, до 2014 година постои тренд на благо намалување на трошоците за воени намени, за да од 2015 година повторно отпочне трендот на благо зголемување на трошоците за воени намени. Нормално, добар дел од овој тренд во поново време би требало да се припише на забрзаниот индустриски и економски развој низ целиот свет, како и забрзаниот технолошки развој, коишто заедно овозможуваат многу држави да ги зголемат своите расходи за воени намени.
Но, сепак, одредени медиуми во Северна Македонија се обидуваат зголемувањето кое е забележано од 2018 до 2019 година да го прикажат како ‘вонредно’ зголемување во насока на подготвување на светот за Трета светска војна. Ова во најмала рака е неосновано, бидејќи како што може да се види од хистограмот, стапката на раст на трошоци за воени намени во 2019 е многу помала споредено со периодот 1998 – 2010 година. Во тој контекст, доколку зголемувањето од 2018/2019 претставува 3.6%, зголемувањето од 2017/2018 претставува 2.6%, од кадешто може да се забележи дека не станува збор за енормно отстапување од стапката на раст. Од друга страна, самиот наслов на статијата е таблоиден и гласи: „ЗА ШТО СЕ СПРЕМА СВЕТОТ ЗА ПAHДЕМИЈА ИЛИ ТРЕТА СВЕТСКА BOJHA?: Рекордни трошоци за вoeни потреби во светот“. Уште еден сегмент од насловот оди во насока на тоа дека целокупниот текст неможе да се смета за релевантен е фактот што програмираните трошоци за 2019 година, кои се буџетирани некаде кон почетокот на 2019 година, се поврзуваат со коронавирус пандемијата која започна кон самиот крај на 2019 година. Како ли би можел органот задолжен за донесување (изгласување) на буџетот во секоја држава, да мисли и да програмира во буџетот средства за вонредна состојба која се уште се нема случено? Средства наменети за инвестирање во јавниот здравствен систем и за вонредни мерки за справување и надминување на состојбата со коронавирусот би требало да бидат рефлектирани во буџетите на државите за 2020 година.
Ваквите сензационалистички наслови и манипулативни тврдења мора да се земат со резерва од страна на читателите. Живееме во време кое е исполнето со емоции и немир, ваквите текстови можат само да влијаат на зголемувањето на нервозата и паниката кај граѓаните.
Читајте текст а не само наслов. Провери пред да споделиш.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО