Оригинален наслов: ТУРЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО
Наслов на поранешни текстови:
Во текст од 6 април, 2019 порталот Инфомакс пренесува изјава на Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска која ја надополнува со коментар во кој како и во самиот наслов (без прашалник) констатира дека Турција ќе ја успори ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО, заради како што се наведува во текстот барањето од страна на оваа НАТО членка за депортација на членовите на ФЕТО кои моментално престојуваат и живеат во Северна Македонија. Подоцна на 25 јуни, 2019 во друг текст порталот злоупотребува делови од интервју со Претседателот Пендаровски, обидувајќи се да извлече тези кои се се повторно во насока на “блокада“ од Турција, дезинформација која што F2N2 веќе ја разобличи.
Самиот портал денес, по ратификувањето на протоколот во турскиот Парламент си ја разобличува сопствената дезинформација пренесувајќи ја веста за овој настан. Тимот на F2N2 ги следи сите наративи поврзани со интеграциите на Северна Македонија во НАТО и ЕУ а со тоа реагира и ќе реагира на ваквите текстови кои имаат за цел да предизвикаат недоверба во процесот на интеграции а со тоа и да ја намалат поддршката на граѓаните кон НАТО и ЕУ.
Конзистентноста е една од основните вредности на новинарството а непристрасното и етичко информаирање на граѓаните треба да бидат приоритет за секој медиум.
Што е чудно кога ќе се погледнат трите наслови им оставаме на читателите да заклучат.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО