ОПИС

Фотографии од археолошки ископувања во Турција се злоупотребени за да се манипулира дека истите се направени во Северна Македонија и дека согласно Преспанскиот договор со археолошките локалитети во државава ќе управуваат на грчките археолози. Вистината е дека ниту фотографиите се направени во државата, а ниту пак постои таква одредба во Преспанскиот договорНа 12-ти ноември, фејсбук-страницата “Macedonian Coalition”, објави фотографии од археолошки ископувања, при што во описот тврди дека „според Преспанскиот договор археолошките локалитети во Македонија дадени се на управување на грчките археолози.“ Потоа се потенцира дека дури сега ќе се видело како изгледа легална кражба и извоз на македонското културно наследство, а објавата завршува со пцост упатена кон премиерот Заев.

ФАКТ/И

Објавата предизвика големо внимание на Фесјбук, со оглед на големиот број споделувања и интеракции од корисниците. Токму поради тоа јавноста треба да ја знае вистината, а таа е дека објавените фотографии не се од археолошки локалитети во Северна Македонија, туку се работи за фотографии од локалитет во Турција. Дирекцијата за култура и туризам на градот Ајдин во Турција, на 8 ноември 2020 објави дека биле откриени два саркофази во близина на античкиот град Афродизијас, како резултат на ископувањата спроведени со Музејот Афродизијас.Турските медиуми известиле за овој настан, и во нивните статии може да се видат фотографиите што фејсбук-страницата намерно ги злоупотребила за дезинформирање на македонската јавност, со цел да се предизвика незадоволство и недоверба во придобивките од Преспанскиот договор. Со тоа, објавата воедно поттикнува и омраза кон соседна Грција, а користи и недоличен јазик.Со изнесените дезинформации дека согласно Преспанскиот договор археолошките локалитети во Република Северна Македонија наводно се дадени на управување на грчки археолози, граѓаните се доведуваат во заблуда, а згора на тоа им се презентира и уште помрачно сценарио, дека македонското културно наследство наводно ќе биде легално украдено и извезено. Ваквите манипулации се можни бидејќи не го има секој прочитано Преспанскиот договор. Сепак, во него не постои таква одредба.

Администрирана од пет лица од Австралија, фејсбук-страницата “Macedonian Coalition”, наводно претставува невладина организација за заштита на националниот интерес на Македонците ширум светот. Сепак, очигледно е дека нејзината цел е да поттикнува раздор меѓу граѓаните, говор на омраза и недоверба во институциите на системот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.