(Ројтерс) -Компанијата Твитер ќе ги тестира реакциите на корисниците при одговарање на твит во кој ќе биде употребен „навредлив или дискриминаторски јазик“. Со овој чекор, компанијата прави обид за расчистување на разговорите на нивната дигитална платформа. Кога корисниците ќе испратат одговор на твитови кои содржат навредлив или дискриминаторски јазик, ќе добијат порака дека зборовите во нивниот твит се слични на оние во постовите што биле пријавени, па ќе ги прашаат дали сакаат да го ревидираат својот коментар. Твитер веќе подолг период е под притисок дека не превзема чекори со кои ќе се спречи ширењето на омразата и злоупотреба на содржината на нивната дигитална платформа од страна на корисниците. Политиките на Твитер не дозволуваат корисниците да таргетираат лица со навредливи, расистички или сексистички твитови, како и друга деградирачка содржина. Компанијата презеде акција против скоро 396.000 твитер профили во рамките на своите политики за злоупотреба и над 584,000 профили во рамките на политиката против говорот на омраза во периодот од јануари до јуни минатата година, според извештај за транспарентност на Твитер. Извор: Reuters.com
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО