Платформата Твитер го банира политичкото рекламирање на нивната мрежа. Европската комисија на ден пред оваа одлука, испрати порака до Гугл, Твитер и Фејсбук за итно превземање сериозни чекори во насока спречување на ширењето на дезинформациите преку социјалните мрежи. Но, дали сите ќе ја сфатат штетата која се предизвикува од манипулативниот вирус кој опасно напаѓа на глобален терен?Твитер го проби мразот. Донесе одлука за банирање на политичкото рекламирање. Храбриот потег во јавноста беше пренесен на 30.10.2019 од страна на главниот извшршен директор на
Твитер Џек Дорси. Тој на неговата платформа објави дека Твитер ќе ги банира политичките реклами. Во своето објаснување до јавноста, Дорси наведува дека оваа одлука се темели на силните ризици кои политиката ги пренесува преку Интернет.
„Одлучивме да го сопреме комплетното политичко рекламирање на Твитер, на глобално ниво. Веруваме дека политичките пораки треба да се заслужат, а не да се купат.“ – наведува Дорси во неговото обраќање. Тој додава
: „Рекламирањето на интеренет е моќно и извонредно ефективно за комерцијалните огласувачи, но таа моќ носи и значителни ризици за политиката“. Причините за оваа одлука, детално ги објасни во
обемна низа од твитови.Социјалните мрежи често се соочува со многубројни критики токму поради манипулациите предизвикани и поради политичките реклами. Само на ден пред одлуката за банирање на политичките реклами на Твитер, на 29.10.2019
Европската комисија ги предупреди платформите Гугл, Фејсбук и Твитер дека мора да превземат сериозни чекори до крај на годинава, со цел да го намалат ширењето на дезинформациите, пласирани преку нивните мрежи.Не сите социјални платформи се едногласни во поглед на одлуката за спречување на ширењето на политички манипулации преку нивните мрежи.Платформа Фејсбук се одлучи на друг чекор. Тие ја отфрлија
забраната за политичко рекламирање. Оваа одлука јавно ја сподели
првиот човек на Фејсбук. Неговиот став
предизвика силни реакции. Фејсбук и претходно беше на мета на критики. Особено
од колегите во истата дејност. Дел од политичарите направиле и тест со цел да укажат на начинот како се манипулира преку Фејсбук.
Сенаторка Елизабет Ворен тоа и го опиша, со цел да укаже прецизно на манипулативниот момент. Реагирале и 250 вработените во Фејсбук
со писмо.Информацијата за забраната ги подвои политичките ривали во САД, во очи на изборите следната година. Дел од нив сметаат дека одлуката е за поздравување, други пак ја гледаат како обид да се замолчи Доналд Трамп.Забраната за политичко рекламирање на Твитер ќе стапи на сила на 22.11.2019.