Во 2018 година, групата Пригожин Медиа одлучија да ги „разбудат“ Американците. Евгениј Пригожин е олигарх од хотелиерскиот и угостителскиот бизнис, познат како готвач на Путин, но злогласен по неговата фабрика за тролови, интернет Агенцијата за Истражување со седиште во Сент Петербург. Истрагата за вмешаност во изборите за претседателската кампања на САД во 2016 година покажа вмешаност на повеќе од десет вработени на Пригожин во нелегални активности. Во 2018 година Пригожин го започна проектот „USA Really. Разбудете се Американци!“Во тој период EUvsDisinfo пишуваше за тој проект. Покрај другите работи, Империјата Пригожин е позната по насилствата, агресивните дезинформации и измамите. И сега - Пригожин е подготвен да ги разбуди Американците.Шефот на USA Really во моментот на неговото лансирање, Александар Малкевич, се сретна со медиумите, зборуваше за проектот и неговите петнаесет минути слава.Две години подоцна, водачите на USA Really се уште напорно се обидуваат да ги разбудат Американците. Нивната изјава за мисијата на организацијата продолжува да звучи банално: „Непристрасни, искрени приказни кои ги информираат и осветлуваат борбите и триумфите на секојдневните Американци, е она за што USA Really се залага. Наша цел е конечно да им дадеме глас на оние чии гласови обично не ги слушаат мејнстрим и корпоративните медиуми, презентирајќи реален портрет на она што се случува во САД од страна на луѓе кои обично се занемарени. Ние ја развиваме следната генерација на луѓе во центарот на приказната и потребна ни е вашата помош!“Веб-страницата упорно се обидува да ги натера луѓето да ја чујат, искористувајќи ги сегашните протести во САД, така што препишува вести од други извори, собира приказни од Редит, Фејсбук и Твитер. Претходно, појавата на Ковид-19 служеше за слични цели: да се прикажат САД и целиот Западен систем како на работ на колапс. USA Really не им обезбедува на своите читатели ништо уникатно, интересно, ниту нешто релевантно. Во принцип - вообичаените звуци од тапани кои про-Кремљ медумите како што се РТ, Спутник и попрофесионалните машини за пропаганда ги емитуваат 24/7.Целата статија може да ја прочитате тука. Извор: EUvsDisinfo
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО