ОПИС

Оригинален наслов на статијата: “МТВ” и “МРТ” за Гугл веќе се “С-МРТ” и “С-МНТ”

Неточни беа тврдењата на дел од медиумите дека Google почнал да ги менува имињата на некои државни институции, како на пример Македонската Радио Телевизија (МРТ) и Македонскиот народен театар (МНТ). Овие медиуми одат и подалеку, па преку користење на кратенки кои имаат поинакво, пежоративно или негативно значење, ја прават промената на имињата на овие институции драматична. На пример, МРТ станала С-МРТ, што значи умирање. Кратенката има невкусна конотација, и треба да асоцира на трагично губење на „македонското“ како терминологија. Промената на називите на институциите не беше случена на 4-ти март.

Оригиналниот наслов на статијата, беше пресликан на неколку портали, скоро во исто време: Скопје инфоПрес 24Република. За многу кратко време, насловот се крати, и на Курир и Весник гласи: „МРТ“ за Гугл веќе е „СМРТ“.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

ФАКТ/И

Овој текст е класичен спин чијашто мисија е да ги доведе читателите во заблуда, и да ги наведе да веруваат дека Северна Македонија е во ќорсокак, и дека сигурно нема да добие датум за почеток на преговори.

Читајќи го текстот, обичен граѓанин којшто можеби не е упатен многу во политиката, би помислил дека навистина патот на Северна Македонија кон ЕУ е завршен.

За да додаде кредибилитет на текстот, авторот спинувал и изјава на францускиот амбасадор вадејќи ја од контекст. Имено, францускиот амбасадор во ниту еден момент не посочува дека Северна Македонија нема да добие датум, напротив во неколку свои изјави кои тимот на F2N2 ги пронајде тој посочува дека датумот зависи од исполнувањето на реформите кои ќе бидат оценети во Извештајот на Европската Комисија како и од исходот на изборите за Европскиот Парламент.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.