Во Фејсбук пост објавен од страна на Миленко Неделковски на 15.03.2020 година, е објавена слика од вагон-цистерна со ознаки “COVID-19”. Авторот на сликата, со црвено кругче го заокружил делот од наводната ознака. Со оваа слика авторот имплицира на теории на заговор за наводно ширење на COVID-19. Во овој пост никаде не е наведено кој е авторот или изворот на сликата.
Линк до архивираниот пост тука.
На 15.03.2020 година, Миленко Неделковски објавува слика од вагон-цистерна на која има ознаки COVID-19. Објавата на оваа слика на неговиот Фејсбук профил кој има над 60,000 следбеници, во период кога е прогласена пандемија во светот, е тенденциозна и манипулативна. Уште на самиот почеток, се работи за лажна слика која е изменета со помош на фотошоп или друг програм за менување на фотографии .
Тимот на F2N2 го истражуваше овој случај и при проверките дојде до податок дека истата оваа слика претходно била споделувана преку социјалните мрежи во Џорџија, САД.Имајќи во предвид дека Џорџија е една од сојузните држави на САД во кој има регистрирано случаи на корона вирусот COVID-19, тогаш не е ни чудо зoшто оваа слика е споделувана токму таму. Но, тоа што зачудува е како оваа слика, со брзина на светлината се пренесува во Северна Македонија.
На сликата од постот се гледа товарен вагон-цистерна со ознаки кои одговараат на американската железница. Во САД, товарните вагони се обележуваат согласно одредбите на Асоцијацијата на американските железници (ААЖ), која предвидува ознаките да содржат од две до четири букви проследени со број до шест цифри, кои имаат за цел да ја означат сопственоста на вагонот и што се транспортира во истиот, како што е прикажано на следниве примери:General American Marks Company | 13,800 gallons molten sulfur | GATX60128| Birmingham, ALABAMA | October 15th, 2015
https://mapio.net/pic/p-63829696/
Начинот на поставување на ознаки и идентификација е детално објаснет овде. Јасно е дека „COVID-19“ не е ознака што одговара на било која легитимна ознака за идентификација, ниту пак на било која друга стандардна форма на обележување или идентификација што би можела да се најде на железнички товарен вагон. Воедно, на местото каде што стои ознаката “COVID-19” не е предвидена никаква ознака. Истотака, предметот/супстанцијата која се транспортира се испишува целосно без никаква кратенка. На пример, стопен сулфур (molten sulfur).Доколку ја споредите сликата од фејбсук постот на Миленко, и сликата објавена на социјалните мрежи во САД, ќе забележите дека сликата која Миленко ја објавил е кропирана за да се сокрие ознаката од вагонот, врз основа на што може да се направи детална проверка за веродостојноста. Истотака, со едноставно зумирање на сликата ќе забележите дека и сериските ознаки под наводната ознака “COVID-19” се целосно замаглени.Се разбира, доколку навистина би било во прашање транспорт на медицински материјали и средства, поради безбедноста на траснпортот тогаш истите би се чувале и транспортирале во специјални контејнери, или херметички затворени буриња адекватни за таков вид на транспорт.На крајот, вагонот со ознаката „COVID-19“ нема смисла, бидејќи COVID-19 не е термин што идентификува вирус или било кој друг предмет или течност што може да се транспортира. Таква ознака во железничкиот транспорт не постои, а COVID-19 е кратенка од името на заболувањето предизвикано од корона вирус. Најчесто, вирусите и заболувањата имаат различни имиња. На пример, ХИВ вирусот предизвикува заболување познато како СИДА. Оттука, болеста нè може да се пренесува со вагони.
Имајќи го во предвид фактот дека Светската Здравствена Организација (СЗО), на 11.02.2020 година, го преименува вирусот во „тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2 (САРС-КоВ-2)“ како име на новиот вирус, во тој случај овој вагон би требало да ја носи ознака SARS-CoV-2.
Ова е пример за тоа како на граѓаните им се презентираат теории на заговор и истите не познаваат граници. За период од два дена анализираниот пост има 163 споделувања.
Порталот за проверка на факти Snopes.com, на ден 14.03.2020 објави разобличување на оваа теорија на заговор.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО