ОПИС

Оригинален наслов: Д-р Грозданова: Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 за само 20% од населениетo

Порталот го искористил фактот дека набавката на вакцините, како и вакцинацијата, ќе се одвиваат етапно, за во насловот да изнесе манипулативно тврдењеНа 23.11.2020 порталот Република објави текст со наслов: Д-р Грозданова: Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 за само 20% од населението. Повикувајќи се на изјавата на проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседател на Комитетот за имунизација, порталот пишува дека договорот со Ковакс механизмот, кој го потпиша нашата држава, предвидува вкупна количина од 800 илјади вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе.

Во текстот стои и изјавата на д-р Грозданова за МИА: „Со првите 20 проценти се предвидува имунизација најпрво на ризичните групи како што се здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација”.

Текстот со наслов дека ќе бидат добиени вакцини за само 20% од населението беше објавен и од страна на порталите Инфомакс и Вечер.

ФАКТ/И

Во содржината на текстот коректно е пренесна изјавата на д-р Грозданова за МИА, во која вели дека со првите 20% од вакцините се предвидува најпрво имунизација на ризичните групи, како што се здравствените работнци, хронично болните и повозрасната популација, а потоа се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останатата популација.

Сепак, насловот потенцира дека се работи за вакцини наводно за само 20% од населението. Поради тоа, тој претставува манипулативно извртување/спинување на изјавата на д-р Грозданова, која експлицитно изјавува дека станува збор за “првите 20% “  бидејќи по првиот контингент, се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останатата популација.

Зборувајќи за тоа до каде е нашата држава во процесот на договори за набавка во скорешно интервју за „360 степени“, министерот за здравство, Венко Филипче, го истакна следното: ”Стручните препораки се дека прво треба да се вакцинираат ризичните групи – постари граѓани, хронични пациенти, 20% од целокупното население, дека веќе ќе создаде еден тип на имунитет којшто може да ја смени сликата на епидемијата кај нас, односно пандемијата. Било каде да се аплицира, во било која земја, концептот би бил ист. Ние аплициравме за 400 илјади граѓани, односно 20% од населението, засега е проценката дека има по 2 дози, значи 800 илјади вакцини да пристигнат во нашата земја.”

Заклучок:

Насловот на текстот е обид за манипулација со јавноста чија цел е поттикнување незадоволство и недоверба во здравствените институции, како и страв и паника дека наводно ќе се набави мал број на вакцини и нема да има доволно за сите. Институциите посветено работат на справување со корона-вирусот и секако дека во тие нивни заложби спаѓа и имунизацијата на населението со вакцина и искористување на сите можни ресурси кои им стојат на располагање за нормализирање на животот, нормализирање на системот и побрзо излегување од оваа криза.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.