ОРГИНАЛЕН НАСЛОВ: Дамјан Манчевски поттикнува насилство и повици за ликвидација (ФОТО)
Порталот Вечер објави статија со наслов каде го обвинуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека со статус кој го објавил на неговиот Фејсбук профил, поттикнува насилство и повикува на ликвидација. Оваа статија беше објавена и од страна на порталот Весник.
РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА:
Статусот на министерот Манчевски ви го пренесуваме интегрално.
Од самиот статус можеме да заклучиме дека Манчевски никаде во својот статус не повикува на насилство, уште помалце за нечиво ликвидирање.
Порталот ваквото обвинување го базира врз основа на коментар кој што е напишан под статусот на Манчевски, од страна на друг корисник на Фејсбук. Се разбира дека таквиот коментар во кој се повикува на ликвидација е за секаква осуда, но коментар напишан од страна на едно не може да се припишува на друго лице.
Во продолжение Ви прикажуваме примери за тоа што значи поттикнување на насилство и ликвидација.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО