Мобилните провајдери во Велика Британија добија забрана да купуваат нова опрема за 5Г од Хуавеи по 31 декември. Покрај тоа, тие мора да ја отстранат комплетната опрема од кинеската компанија од нивните мрежи до 2027 година. Британскиот секретар за дигитални прашања Оливер Дауден ја објави оваа одлука во Британскиот парламент на 14.07.2020.Во 2019 САД воведоа санкции кон Хуавеи, врз основа на тврдењето дека компанијата претставува национална закана, што беше негирано од страна на кинеската фирма.Според Дауде, овој потег ќе го одложи воведувањето на 5Г во Велика Британија за една година. Технологијата 5Г ветува побрз интернет и поголеми капацитети за поддршка на повеќе безжични уреди, што би требало да биде огромна придобивка за сè, од мобилни игри до видео-стриминзи со повисок квалитет, па дури и со тек на време автономни возила, кои комуницираат меѓусебе. 5Г врските веќе се достапни во десетина градови во Велика Британија, но опфатот може да биде со послаб квалитет. „Ова не беше лесна одлука, но таа е вистинската за телекомуникациските мрежи во Велика Британија, за нашата национална безбедност и нашата економија, како моментално, така и на долг рок“, изјавил Дауден. Извор: BBC.com
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО