Дезинформација бр:
Дата:
Извор:
Време на читање:
мин.
ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Оригинален наслов: Откриле докази дека короната е вештачка, била вмешана и МИ6, а сите траги водат кон еден градНа 12 јуни беа
објавени текстови со содржина дека научници пронашле докази дека коронавирусот е вештачки направен. Во текстовите со многу кратка содржина пишува како двајца научници, еден од Британија и еден од Норвешка, неодамна објавиле студија од која би можело да се заклучи дека вирусот САРС Ков-2 е вештачки направен во лабораторија.Според нивното истражување, новиот вирус наводно содржи некои секвенци за кои се чини дека се вештачки вметнати, со што успешноста на вирусот би се зголемила.
Биргер Соренсен и Ангус Далгеиш тврдат дека идентификувале вметнати делови кои се клучни за комуникација на вирусот со луѓето и влегување во нив. Без да наведат извор ниту докази, оваа вест беше пренесена од одредени портали како тврдење дека вирусот е вештачки направен.Порталот Repoter.mk, веќе наредниот ден објавил текст со наслов
Откриле докази дека короната е вештачка, била вмешана МИ6, а сите траги водат кон еден град. Всушност, текстот е за истите научници но со поопширна содржина, наведувајќи го како извор српскиот портал
Kurir.rs. Имено според
истражувањето на двајца научници. (норвешкиот виролог Биргер Соренсен и британскиот онколог Ангус Далглеиш), вирусот Корона е дело на човек бидејќи истиот има елементи кои што не може да се создадат природно. На британско-норвешкиот двоец, им се приклучил и Сер Ричард Дирлав, челникот на британската тајна служба MИ6 од 1999 година до 2004 година.Тој во своите тврдења отишол и еден чекор понатаму и за „Дејли Телеграф“ тврдел дека истражувањата на Соренсен и Далглеиш, покажуваат дека пандемијата можеби е започната на Виролошкиот институт во Вухан. Тој додал дека малку е веројатно вирусот да бил намерно пуштен, но истакнал дека Кина очигледно се обидела да го прикрие пропустот.Оригиналниот текст може да го прочитате
тука.РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА
Порталот иако само го пренесува текстот од српски Курир.рс, тврдењата што се изнесени уште во самиот наслов, па и во делови од текстот погрешно ги наведува читателите дека наводно навистина коронавирусот е создаден во лабораторија и тоа во виролошкиот институт во Вухан.
Се уште нема такви докази дека коронавирусот е создаден во лабораторија.Тезите дека коронавирусот е наводно создаден во лабораторија, престижниот медиум
“BussinesInsider” ги побива со помош на научници кои што објаснуваат дека формата на вирусот
не може на никој начин да се создаде во лабораторија.Иако авторот на текстот којшто го анализираме
ја спомнува изјавата на екс разузнавачот на британската разузнавачка надворешна служба, како поткрепа на “тврдењето” дека коронавирусот е вештачки создаден во Кина, британската МИ6 ги
отфрла овие тврдења оценувајќи ги како пропаганда против вакцинирањето на популацијата против коронавирусот. Овие тврдења се демантирани и од страна на
Институтот за Вирологија во Вухан, кој таквите тврдења ги оценил како фабрикувани.Текстот пишува за тоа како кинеските и американските политичари веќе со месеци разменуваат обвинувања на тема Ковид-19., но во однос на тезата на британско норвешката студија напоменува дека
Соренсен можеби има и личен интерес во медиумските атрактивни тези за вештачкото потекло на новиот коронавирус.Имено, во трудот ги претставува аргументите за развој на Bivacc-19, вакцината кандидат за Ковид-19, која моментално е во напреден претклинички развој.А, Соренсен има финансиски интерес во приказната, затоа што работи за Immunor, норвешка компанија која стои зад вакцините. За да на крај заврши со тоа дека
тезата за вештачкото потекло на вирусот, веќе од претходно, покрај научниците, ја отфрлиле и американските тајни служби. Во новиот случај, ја отфрлија и британските известувачки извори. Според тоа нејасно е која е целта на ваквиот текст, информирање или дезинформирање на јавноста. Со насловот и поголемиот дел од содржината,читателите се наведуваат на погрешен заклучок. Им се претставува тврдење според кое наводно вирусот е вештачки направен во Вухан и за наводна вмешаност на МИ6.Со тоа се доведуваат читателите во заблуда и тешко е речиси невозможно да се направи јасна разлика помеѓу погрешните тврдења и вистината.