ОПИС

Оригинален наслов: Не Постојат Тестови за КОВИД-19! Глобалофашистите ги Ставаат Народите во Домашен Затвор со Лажни Бројки!Порталот Коложег.Инфо објави текст со наслов Не Постојат Тестови за КОВИД-19! Глобалофашистите ги Ставаат Народите во Домашен Затвор со Лажни Бројки! Повикувајќи се на наводно длабоката анализа на Ковид -19 тестовите објавена од Здружението “Од Нас за Нас” во текстот вели дека  тоа само го потврдува она што светската фармаколошка индустрија и СЗО а и глобало-фашистичките влади кои ги затворија своите народи во домашен затвор, никогаш не го ни спореле, дека тест за Ковид не постои и се користат општи генерички тестови кои откриваат респираторни проблеми кои можат да бидат од десетици други причини, и дека бројките со кои се оправдува апсењето на народите и уривањето на економиите и правото на луѓето да се прехранат се понедоверливи од гатање на бајачка.

 

Линк до оригиналниот текст може да најдете тука.

ФАКТ/И

Изнесеното тврдење не е точно и претставува сериозно манипулирање со јавноста, на штета по здравјето на луѓето.

Она што треба јавноста да знае и да не дозволи да биде манипулира е следново :

Коронавирусот постои

Доказ за тоа се над 11 милиони заразени случаи низ светот, во моментот и над 500 илјади починати од коронавирус. Пандемијата беше прогласена од СЗО на 12 ти март 2020 година.

Постојат тестови за Ковид-19

Присуството на вирусот во телото на човекот се утврдува преку два теста. PCR или молекуларен тест, и серолошки тест односно тест за антитела.

Во моментот низ светот најмногу се користат таканаречените PCR тестови кои што покажуваат дали лицето е заразено во моментот.

Додека пак, серолошки тест е тест за антитела  кој покажува дали лицето веќе било инфицирано со вирусот SARS-CоV-2. Со нивна помош се утврдува дали постојат специфични антитела, имуноглобулини IgМ и IgG, кои имунолошкиот систем ги создал против вирусот.

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) исто така дава јасни објаснувања за видовите на тестови што постојат и во кои случаи се користат.

Јасно е дека целта на овој текст е да се наведат читателите на незадоволство против институициите кои наводно нѐ лажат за вистината за коронавирусот, што пак, е неточно и манипулативно тврдење. Авторот со умисла ја поттикнува недовербата на граѓаните кон институциите на системот, а тоа во случајот може да резултира со огромна штета на јавното здравје.

Да им оставиме на научниците да се занимаваат со своите научни истражувања и достигнувања. Нивните напори во насока на справување со коронавирусот не треба да се злупотребуваат во новинарски текстови за манипулирање на јавноста.

Реалноста за жал е таа вирусот сепак постои, но постојат и тестови.

Наша должност како граѓани е да се заштитиме и да ги заштитиме нашите најблиски, почитувајќи ги сите здравствени препораки и заштитни мерки.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.