Ви препорачуваме вашата информираност за случувањата во светот и кај нас, како и донесување на заклучоци за истите, да не Ви се сведуваат само со читање на насловите!

Многу често во медиумскиот простор може да се видат бомбастични и драматични наслови  кои имаат за цел само придобивање на кликови, при тоа внатрешноста на веста не им нуди ништо на читателите. И во вакви времиња, кога во нашата земја е прогласена вондредна состојба поради ситуацијата со вирусот COVID-19, низ медиумите може да видиме наслови, кои внесуваат страв и паника кај населанието, а во суштина, се работи за вести кои не се однесуваат за нашата земја. Целта е јасна: придобивка на кликови преку драматични наслови.

Еден од примерите е веста објавена на 23.3.2020 страна на порталот Република: Заболен од корона им плукал во лице: Во карантин испратени 14 полицајци.

Насловот е драматичен бидејќи не дава одговор на тоа, каде всушност се случил настанот. Тоа може да предизвика вознемиреност кај читателите и да ги поттикне да кликнат на веста, бидејќи насловот упатува на тоа дека можеби настанот се случил во Северна Македонија.

Ако се кликне на веста, веќе во првата реченица може да се констатира дека настанот се случил во Грција: Четиринаесет грчки полицајци се ставени во карантин по инцидент во Атина, кога маж кој тврди дека е заразен со коронавирус им плукал во лице.

Оваа вест исто така беше објавена и на порталот Press24.mk, но набргу веста беше избришена.

Друг пример е веста објавена од страна на порталот Kurir на 24.03.2020. Во неа насловот упатува на маж кој што починал откако се лекувал од коронавирус со хлорохиден фосфат и дека неговата сопруга е во критична состојба. Но насловот не ни кажува каде се случил настанот. За да дознаеме дека сепак се работи за случај во САД, а не во нашата земја, треба да кликнеме на веста.

Друг пример може да видиме од веста обајвена на 18.03.2020 од страна на Kurir. Во неа насловот упатува на пратеник кој што е заразен од коронавирус, но не е наведено дека пратеникот живее во Украина.

“Претседателот на украинскиот Парламент и пратениците ќе се тестираат дали се заразени со COVID-19, откако еден од пратениците денеска се тестирал и резултатите покажале дека е позитивен, односно дека е заразен со вирусот, јавуваат локалните украински медиуми.”

Исто така може да се прочита и вест за четворица заразени пратеници, но во Франција. Веста е објавена на 09.03.2020 од страна на порталот Курир.

За пример може да се земе и веста која што е објавена од страна на порталот Инфомакс на 23.03.2020. Насловот на веста гласи вака: TPAГЕДИЈА: Уште двајца доктopи починaa од опacниот кopoнавиpyc.

Читајќи го само насловот ние не може да бидеме целосно информирани и може да се појави чувство на паника, поготово кога знаеме дека и во нашата земја има здравствени работници кои се заразени од вирусот COVID-19.

Сепак, кога ќе кликнеме на веста ќе се информираме точно дека починатите лекари се всушност жители на Франција.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.