На 24.07.2019  Владата на Република Северна Македонија со цел да ја спречи нагласената опасност од манипулацијата со информации, на прес конференција го престави акцискиот план за борба со лажните вести.Планот за одлучна акција против ширење дезинформации е во предлог форма. Предлог акцискиот план има две компоненти: Безбедносни мерки и проактивни мерки.„Дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата во 2019 година и алатка која се користи за манипулација на граѓаните. Злоупотребата на технологијата за креирање лажни ентитети и непостоечки измислени случувања стана сериозен упад во демократските и изборни процеси и сериозно се заканува да влијае на довербата на граѓаните во институциите и медиумите. “- изјави претседателот на Владата, Зоран Заев  на презентацијата на текстот на Планот за одлучна акција против ширење дезинформации, кој е во предлог форма.Планот за одлучна акција против ширење дезинформации ќе биде ставен на дискусија на работни состаноци во институциите, како и на консултации со граѓанскиот сектор, медиумите и различни чинители во општеството, вклучувајќи ги и стратешките партнери на РСМ, за да се дефинира неговата финална верзија.Владата  во текот на следниов период, ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата. Во оваа група ќе бидат поканети  за учество претставници од канцеларијата на Претседателот на Владата, Претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и други. Задачата на ова група ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста, како  и координирање на борбата против нападите врз демократијата.  Групата ќе ја координира  министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, а од страна на Кабинетот на премиерот, посебниот советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец.Владата ќе започне и процес на креирање Национална стратегија за медиумската писменост. Во рамките на оваа стратегија ќе бидат опфатени активности на институциите, медиумите и граѓанскиот сектор. Ќе се настојува медиумската писменост да биде многу позастапена во образовните програми на Министерството за образование и наука.Манипулацијата со информации е  глобален проблем кој го напаѓа граѓанското општество.  Она што треба да се има во вид, кога се  анализира борбата против манипулации со информации на светско ниво,  е фактот дека дезинформациите имаат различен дијапазон, со цел да бидат прилагодени на публиката која ја напаѓаат.Манипулацијата со информации не е нов феномен. Но, она што влијае на интензитетот на манипулациите со информации во денешно време е комбинација од два фактори:

  • Моќен капацитет на социјалните мрежи преку Интернет

  • Вирусното ширење на шпекулациите

  • Шпекулациите преку јавниот говор ја релативизираат вистината

  • Расте недовербата како резултат на девалвација на вистината

Во таа насока, Владата во Планот го вметнува сетот од безбедносни мерки, во кои силен акцент е ставен на ИТ инфраструктурата.Безбедносните мерки во Планот опфаќаат:(1) Ревидирање на постоечките и креирање нови внатрешни безбедносни протоколи за комуникација во институциите и комуникација со надворешни субјекти, со цел намалување на можностите за протекување на сензитивни информации.(2) Надградба на безбедносните протоколи за дигитални комуникации за сите државни службеници, за безбедно користење на интернет, службена електронска пошта, службен мобилен телефон итн. Зајакнатиот безбедносен протокол ќе биде доближен и презентиран пред државните службеници преку спроведување на внатрешна проактивна кампања.(3) Ќе ја зајакнеме внатрешната ИТ инфраструктура во Владата и министерствата и системот за контрола на мрежниот сообраќај, со цел навремено спречување на надворешни напади на инфраструктурата.(4) Како што ја информиравме јавноста, јас веќе користам нов телефонскиот број и нов мобилен апарат, со дополнителен безбедносен протокол за дигитални комуникации.(5) Ќе биде воспоставен протокол за кризни комуникации помеѓу централниот владин комуникациски сервис и министерствата, за брзо и точно спротивставување на дезинформациите, кои се шират преку социјални медиуми и интернет порталите, во интерес на вистината и јавниот интерес.Штетата од манипулациите со информациите не е за потценување. Нејзината главна цел останува поткопувањето на демократскиот капацитет на општеството.Од овие причини, Премиерот на прес конференцијата истакна дека: „Ова е само дел од сеопфатните мерки што се преземаат за одлучно спротивставување и борба против лажните вести и дезинформациите и медиумските манипулации со единствена цел – Заштита на јавниот, националниот и интересот на граѓаните од штетите што ги предизвикуваат овие појави. “
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.