На владината седница одржана на 22.05.2020, беше дополнета одлуката за забрана и посебен режим на движење, за време на продолжениот викенд од 11 часот во недела (24.05.2020) до 05 часот наутро во вторник (26.05.2020).

Ова не е нешто невообичаено имајќи предвид дека во претстојниот продолжен викенд, е и најголемиот празник на граѓаните од исламска вероисповед, Рамазан Бајрам.

После изјавата на министерот на здравство, Венко Филипче дека: „Проценките се дека најголем процент од новите случаи на Ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири“, а имајќи ја во предвид природата на овој празник, беше сосема очекувано и разумно воведување на мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Уште пред одржување на владината седница, медиумите во Северна Македонија почнаа да го споделуваат предлогот на Комисијата за забрана на движење во периодот од сабота (23.05.2020) до вторник (26.05.2020), претставувајќи го како владина одлука. Откако почна да се шири веста за ваквата “владина одлука”, Владата ги демантираше овие информации, наведувајќи дека Владата сеуште не одржала седница и не е донесена одлука по тој предлог.

Порталот Курир.мк беше меѓу првите кој објави текст со циничен наслов: “Владата им го честита Бајрам на Муслиманите со полициски час од сабота до вторник”, продолжувајќи во текстот со ист тон: “….Во деновите кога Муслиманите го слават нивниот најголем празник, Владата им прати честитка со долг полициски час.

Со оглед на тоа дека Рамазан Бајрам е значаен празник за граѓаните од исламска вероисповед, ваквите наслови и текстови имаат за цел да ги повредат таму каде што се најчувствителни и да ја претстават одлуката на Владата како нешто малициозно, и како да е одлука поттикната од политички, идеолошки или верски причини, што не е точно.

Дополнително, вакви мерки не се воведени само во Северна Македонија. Турскиот претседател Таип Ердоган во понеделникот 18.05.2020 изјави дека ќе воведе четиридневен карантин на национално ниво како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирус за време на верскиот празник Рамазан Бајрам. Истото го прави и Саудиска Арабија, со воведување на петдневен карантин на национално ниво за време на празникот.

И за крај, што ќе ни е празникот и прославата, ако го немаме основното, здравјето!?

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.