Гледајќи го секој текст одделно, случаите наликуваат на лов на кликови. Сепак, ако се земе превид динамиката и опсегот на објавите тогаш може да се заклучи дека станува збор за дезинформативна кампања во која како централен елемент се наоѓа теорија на заговор, која е далеку од било каква логична и разумна перспектива. Зошто токму во вакви моменти се појавуваат вакви и слични дезинформативни кампањи, проценете сами.
Преку приватни пораки на Фејсбук, забрзано се шири видео со теорија на заговор дека Бил Гејтс, Џорџ Сорос и останатите заговараат намалување на бројот на жители на планетата Земја, и дека тие ги наведуваат луѓето на вакцинација, а истите тие не ги вакцинираат сопствените деца. Друг текст, пак, кој има сличен наратив, повикување за бојкот на вакцинацијата поради наводно вбризгување на нано чипови во вакцини и палење на 5G антените бидејќи истите се наменети за контрола на луѓето кои преку нано чиповите ќе примаат сигнали и кои можат да ве убијат со еден “клик”.
Линкот од видеото можете да го најдете тука, а на крајот од текстот интегрално ви ги пренесуваме текстовите со лажни вести:
Одредени поединци, групи и медиуми, кај нас и во регионот, во последно време се во потрага по вести со кои би се фрлилa дамка врз Бил Гејтс и неговите напори со вакцинација на населението како би се спречиле бројни болести кои се шират низ светот. Ваквите вести се сѐ почести во ова време кога светот се соочува со пандемијата на коронавиусот. Всушност, не само што има недостаток на докази кои ги поддржуваат овие теории на заговор, туку има сè повеќе силни научни докази против нив.
Историјата сугерира дека стравот и погрешните приоритети се всушност оние кои нè прават ранливи на многу големи ризици. Но, тоа што граѓаните треба да го знаат е следново:
Веста дека децата на Бил Гејтс не се вакцинирани за прв пат е објавена на 07.03.2018.
Одредени медиуми кај нас во последно време се во потрага по вести со кои би се фрлилa дамка врз Бил Гејтс и неговите напори со вакцинација на населението да се спречат бројните болести кои се шират низ светот. Ваквите вести се сѐ почести во ова време кога светот се соочува со пандемијата на коронавиусот. Во изминатиот период, F2N2.mk во континуитет ја истражува оваа проблематика.
Веста дека децата на Бил Гејтс не се вакцинирани за прв пат е објавена во 07 февруари 2018 година на порталот yournewswire.com. Се работи за сајт кој е познат по објавување на лажни вести, додека од страна на Институтот за Медиумски Студии “Poynter”, е прогласен за “еден од најозлогласените дезинформатори на Интернет“,. На 22 февруари 2018 година, жената на Бил Гејтс, Мелинда Гејтс на Инстаграм напиша дека, во времето кога се родил неговиот прв син, Јен, над 800.000 деца умираа од ротавирусот, болест што е излечива и која може да се спречи. Додека во врска со тврдењата дека децата на семејство Гејтс, не се вакцинирани, Мелинда Гејтс, на 19 април 2019 година на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека сите три нивни деца се вакцинирани.
“Сите три мои деца се целосно вакцинирани. Вакцината делува. И, кога помалку луѓе ќе решат да ги примат, тогаш сите ние стануваме поранливи од болести“, напиша Мелинда Гејтс.
Бил и Мелинда Гејтс досега имаат потрошено милијарди долари за истражување, развој и доставување вакцини за деца ширум светот. Нивната цел е да спречат повеќе од 11 милиони смртни случаи, 3,9 милиони случаи на инвалидитет и 264 милиони болести до 2020 година.
Бил Гејтс е бизнисмен кој што дал предупредувања за можни вируси а не најавил дека навистина со сигурност ќе има пандемија. Неговата теорија е дека светот нема да се соочува со војни туку пандемии, но тоа е теорија на еден образован и информиран човек, што не мора да значи дека знаел со сигурност дека доаѓа пандемија. „Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, најверојатно тоа ќе биде вирус наместо војна. Не проектили, туку микроби“, изјавил во март 2015 година Бил Гејтс.
Но треба да се напомене дека во моментот кога Бил Гејтс го држеше говорот, светот само што избегнал пандемија од Ебола, и затоа Гејтс спомнал дека по Ебола можно е како што и се покажало низ историјата, да има и други вируси и инфекции, и затоа властите од сите држави треба да преземат превентивни мерки.
Додека пак, тврдењата дека Бил Гејтс преку вакцините ќе постави микрочипови кај луѓето за да може да ги контролира се класичен пример на теорија на заговор. Се работи за дезинформација бидејќи Бил Гејтс досега никогаш ги нема споменато микрочиповите во контекст на коронавирусот. Вистината е дека Бил Гејтс, форсира употреба на “дигитални сертификати“ со здравствени досиеја, но тој никогаш не изјавил дека тие ќе бидат во форма на импланти на микрочипови. Нема планови да се користи оваа идна технологија за време на појава на коронавирусот.
***Ф2Н2 истражуваше и претходно на оваа тема. Линкот до разобличувањето можете да го најдете тука.
И Британците заболуваат од коронавирусот.
Како пример може да го земеме и Принцот Чарлс, 71-годишниот наследник на британскиот трон и човек кој “тежи“ 400 милиони долари, кој е заразен од вирусот COVID-19.
Од коронавирус заразен е и британскиот премиер Борис Џонсон. Сепак во ова време можеби би било подобро да се пишуваат вести кои се потвредени и точни, отколку да се шпекулира со различни терории. За разлика од повеќето светски милијардери, руските олигарси се одлучија на друг чекор. За разлика од повеќето светски милијардери, руските олигарси се одлучија на друг чекор. Проектот за борба против организиран криминал и корупција OCCRP, повикувајќи се на Moscow Times, пишува дека руските олигарси си купуваат респиратори за себе, во случај да бидат погодени од коронавирусот.
***Ф2Н2 истражуваше и претходно на оваа тема. Линк до разобличувањето можете да го најдете тука.
4G мрежа има поголемо нејонизирачко зрачење од 5G
F2N2.mk, во изминатиот период, во неколку наврати пишуваше на оваа тема. Во демантот на Министерството за информатичко опшество и администрација (МИОА), објавен на нивната веб-страница, се наведува дека “во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа”. Дополнително, ги информираaт граѓаните дека “надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Оттука, сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани.”
Според првичните тестирања на терен, директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски, во интервју за МИА тврди дека актуелната 4G мрежа има поголемо нејонизирачко зрачење од 5G. Според него, и 4G мрежата не е штетна, но напредната 5G технологија и на максимална енергија има далеку помалку нејонизирачко зрачење.
И Европската Комисија демантира каква била поврзаност на пандемијата предизвикана од коронавирусот со поставување на 5G мрежата. Одговарајќи на новинарски прашања, портпаролот на ЕК за дигитална економија изјави дека “не постои никаква географска или друга поврзаност помеѓу распоредувањето на 5G мрежата и појавата на коронавирусот“. Портпаролот дополнително објаснува дека изложеноста на зрачењето на 5G мрежата е „педесет пати помала од она што научните докази велат дека треба да биде за да им последици врз здравјето.“
Европската Комисија убеди дека заштитата на здравјето е највисокиот приоритет на Европската унија, а ова ја вклучува и 5G мрежата.
***Ф2Н2 истражуваше и претходно на оваа тема. Линковите до разобличувањата можете да ги најдете тука.
Гледајќи го секој текст одделно, случаите наликуваат на лов на кликови. Сепак, ако се земе превид динамиката и опсегот на објавите тогаш може да се заклучи дека станува збор за дезинформативна кампања во која како средишен елемент се наоѓа теорија на заговор, која е далеку од било каква логична и разумна перспектива. Зошто токму во вакви моменти се појавуваат вакви и слични дезинформативни кампањи, проценете сами.
Читајте го текстот а не само насловот, проверете пред да споделите.
Линкот од видеото можете да го најдете тука. Текстот од пораката ви ја пренесуваме интегрално во продолжение.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО