На социјалните мрежи се по присутна е дискусијата дека сегашната ситуација со вирусот Ковид-19 е всушност само “замка“ да се затвори народот дома, а во меѓувреме да се постават антени за 5G технологијата. Mногумина сметаат дека 5G технологијата е штетна по здравјето на луѓето. Една од многуте такви објави, е и видео постирано од селото Боговиње, каде што се гледа како човек работи на една антена. Видеото освен на социјалните мрежи,  беше објавено и од страна на порталот, Thenewsupdate.com, на 13.04.2020 со наслов: ВИДЕA: По постaвувaње 5G aнтени во Боговиње Tетово, птиците почнaa дa пaѓaaт зашеметени – aлaрмирaaт грaѓaните?

Порталот исто така пишува дека до нив се стигнати и други видеа од Боговиње каде се гледа како птици со изгубена свест се паднати на земјаВидеото порталот го има превземено од социјалните мрежи. Ова видео, исто така беше објавено и на фејсбук страната “Politico Plus”, каде што беше споделено близу 800 пати.

За настаната ситуација во Боговиње, градоначалникот на општината Албон Џемаили побара одоговор од операторот “А1“.

Тие категорично демантираа дека во Боговиње се работи за поставување на 5G мрежата, односно дека станува збор за интервенцијата во насока на обезбедување на сигурна и стабилна мрежа и континуитет во клучните телкомуникациски услуги.

„Во оваа вонредна состојба бележиме зголемен обем на говорен сообраќај како и зголемен интернет сообраќај кој е видливо повисок од вообичаено, што е резултат на прилагодувањето на компаниите на новонастанатата состојба со работа од дома и на останувањето на нашите корисници дома согласно мерките за заштита од коронавирусот активностите на оваа базна станица не се поврзани со воведување или активирање на 5G мрежа, бидејќи фреквенциите за комерцијално користење на 5G услуги сеуште не се доделени од страна на Агенцијата за електронски комуникации“, се вели во реакцијата на операторот “А1“.

Исто така на фб страната “Haraçina City” е објавено видео каде што може да се видат неколку животни како стојат на пат, додека во написот се вели дека се работи за ефекти од 5G технологијата. Видеото има близу 2,000 споделувања, додека во него не се дава никаков детал за тоа каде е снимено и како е констатирано дека причината за лежењето на животните на патот е предизвикано од 5G технологијата. Она што може да се констатира е дека видеото е симнато од Youtube.

Вакви и слични видеа дека 5G технологијата предизвикува смрт на птиците нема само кај нас. Меѓу најпопуларните дезинформации е веста објавена во градот Хаг во Холандија во 2018 година.

На 5 ноември 2018 година, Ерин Елизабет во својот блог “Health Nut News“, објави навидум вознемирувачка приказна од Холандија со наслов “Стотици мртви птици за време на експериментот 5G во Хаг, Холандија“. Според пишувањата на порталот Snopes,   се испостави дека написот на Елизабет е само регрутирање на голема серија на објави на фејсбук изработена од човек по име Џон Кулс, кој води неколку веб-страници на заговор против 5G и страници за социјални медиуми.

Која била причина за смрта на птиците во Хаг? Истражувачите од Универзитетот во Вагинајн и Музејот за природна историја во Ротердам, по обдукција спроведена на птиците, заклучиле дека птиците умреле од повредите предизвикани од удирање на разни предмети (како што се гранки од дрво или земја).

Не е познато зошто птиците се треснале во земја или во дрвјата, но се претпоставува дека паниката кај птиците била предизвикана од појава на був или некој сличен предатор.

 

Повеќе информации за 5G технологијата можете да прочитате на следниот линк.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.