Целта на овој наратив е без дополнителни анализи и информации поврзани со квалитетот, ефикасноста и транспарентноста на процесот на развивање на вакцините, Русија да се претстави како супериорна сила која може да одговори на сите побарувањa за достава на Спутник В. За жал од денешен аспект, Киргистан заклучно со 23 јули, 2021 имунизирала само 1.1% од своето 6.5 милионско население. Вакцините беа побарани во јануари 2021.
На ден 20 јануари 2021 година, најмалку 6 интернет портали со 13.685 следбеници на Фејсбук објави текст со кој се наведува дека Киргистанската влада побарала од рускиот претседател Путин да им обезбеди 500.000 дози од вакцината „Спутник V“. Причината за тоа е одбивањето да се примат вакцините од Фајзер, бидејќи еден фрижидер за одржување на овие вакцини на потребната температура чини околу 4.000 американски долари, што значи дека трошоците за чување на истите се два милиони долари.imageСедум месеци подоцна, заклучно со 23 јули во Киргистан со две дози се вакцинирани само 1,1%, додека со една доза 0,4% од вкупниот број на населението (6,5 милиони). Во прилог сликовит приказ според податоците на ourworldindata.org.imageБитен податок за наративот со кој се величи руската вакцина е тоа што истата се уште не е официјално признаено од EMA (Eвропска Mедицинска Aгенција). Дополнително, од официјалниот статус може да се забележи дека Гамалеа производителот на Спутник В се уште нема доставено комплетна документација, па поради тоа и Европската Медицинска Агенција не може да го предиви рокот за одобрување.Ова е уште еден пример за тоа како суптилно, се промовира супериорноста на Руската вакцина, но и на капацитетите на Русија да ги задоволи потребите на потенцијалните земји купувачи. И по двете прашања одговорот го дава временската дистанца, вакцината не е одобрена и потврдена од страна на ЕМА, земјите не ги добиваат колчините кои помпезно се најавуваат.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.