Оргинален наслов на статијата: ЛОВЕА РИБИ СРЕДЕ УЛИЦА ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ И МУ ИСПРАТИЈА ЈАСНА ПОРАКА НА ЗЛАТКО МАРИН (ФОТО)
Порталот Вечер објави лажна информација во која пренесуваат дека жителите од населбата Долно Лисиче, излегле на една од улиците во населбата и со трски започнале да ловат риби. Целта била да се испрати порака до градоначалникот Златко Марин дека го има заборавено тој дел од општината. Оваа дезинформација ја пренесоа и порталите Весник и Курир (статијата е избришана, од за нас непознати причини).
Линк до оргиналната статија: link.
Тимот на F2N2 при направено кратко истражување дојде до заклучок дека оваа вест е дезинформација. Доказот можете да го проверите тука. Фотографијата првично е објавена на 1 мај 2019 година. Улицата на фотографијата се наоѓа во извесно село Свиднија, Општина Своге, соседна Бугарија. Дезинформација имаше свое ширење и на социјалната мрежа Фејсбук.
Горенаведените портали ја превзеле фотографијата и ја прикажале како да е од Долно Лисиче, се со цел да ја оцрнат работата на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.
F2N2 останува посветен на ловењето лажни вести, се разбира со поголем успех од риболовецот од село Свиднија.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО