ОПИС

Оригинален наслов: Вулин во Русија: Северна Македонија се почесто ќе ја „напаѓа“ Србија

Текстот пренесува тврдење на Министерот за Одбрана на Србија дека под капата на НАТО ќе се оствари обединување на албанските територии од неколку земји кое ќе доведе до формирање на Голема Албанија.  Затоа, според него и Северна Македонија и Црна Гора во иднина ќе бидат против Србија.

Подолу во интервјуто за руските медиуми, дадено за време на конференција за безбедност што се одржа на крајот на април оваа година во Москва, српскиот министер вели дека ако има обединување на Албанците и решавање на албанското прашање и Србија ќе бара решавање на српското прашање во Косово.

Статија во српски медиуми

Архивирана статија во српски медиуми

Руски вести

Објави во македонски медиуми

ФАКТ/И

Овде дезинформацијата не доаѓа од медиумите, барем не во најголем дел, туку се работи за намерно пласирана лажна теза, тенденциозна изјава на српскиот министер за одбрана Александар Вулин.

НАТО е Алијанса на суверени држави. Има многу примери на земји членки на НАТО во кои живеат малцинства и кои граничат со земји во кои живее мнозинско население од иста етничка припадност и ниту еднаш немало ниту една иницијатива или обид за обединување.

Само неколку примери ќе наведеме: Чешка и Словачка, Белгија и Холандија, Романија и Унгарија, Литванија и Полска итн. Ниту една од овие земји откако е станата членка на НАТО немала предизвик од припојување на територии или нарушување на суверенитетот, особено не по етничка линија.

Токму спротивното, НАТО е дополнителна гаранција за суверенитетот на земјите членки, тоа е еден од постулатите, основните фундаменти на Северно -атланскиот пакт, потврдено уште еднаш со Декларација на бриселскиот самит минататата година.

За тврдењата на Вулин дека во иднина Црна Гора и Северна Македонија ќе бидат против Србија, нема никакви факти што можат да се проверат, ниту пак дава некои причини кои би изгледале логични. Односно, се поставува главното прашање зошто Северна Македонија и Црна Гора би дозволиле и би се согласиле со создавање Голема Албанија на своите суверени територии, на кое текстот ниту пак српскиот министер не даваат никаков одговор.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.