ОПИС

Оригинален наслов: Војската на улица: Дали се подготвува полициски час низ Македонија?

Користејќи ја информацијата дека војската ќе биде ангажирана за медицинска поддршка на здравствените установи и центри, порталот со клик-бејт наслов шпекулира дека наводно ќе се воведе полициски часНа 5-ти ноември, порталот Република објави вест со клик-бејт наслов, со елементи на дезинформација – Војската на улица: Дали се подготвува полициски час низ Македонија?. На насловната страна на текстот стои фотографија од април 2020, на која војници воведуваат ред во Прилеп, додека пак во содржината на текстот е пренесена наредба издадена од претседателот Пендаровски за ангажирање на дел од армијата во мирновременски услови кога не е прогласена кризна, вонредна или воена состојба. Согласно наредбата, армијата ќе треба дел од силите и средствата да ги ангажира како невооружени сили за извршување на задачи за поддршка на државните институции при справување со последиците од пандемијата на корона-вирусот.

ФАКТ/И

Иако порталот коректно ја пренесува содржината на наредбата, онака како што стои во соопштението од кабинетот на претседателот, сепак, она што го прави овој напис дезинформативен и манипулирачки е насловот. Имено, авторот на текстот изнесува неточна информација дека наводно војската е веќе на улица, па дури и приложува стара фотографија со војници на улица. Уште поголема забуна кај јавноста создава со тоа што во насловот се содржи и прашање дали се подготвува полициски час, што е шпекулација.

Всушност, се работи за активности на Армијата на Република Северна Македониија, која и во минатото врз основа на истите правни основи била ангажирана во отстранување на последици од елементарни непогоди и поддршка на државните институции во мирновремени услови. Сепак, порталот ја користи оваа информација да предизвика страв и паника кај граѓаните, а всушност  армијата помага во борбата против корона-вирусот. Ваквата практика не е непозната и во другите држави. Така, тестирањето на 3,5 милиони граѓани за два дена во Словачка за кое толку многу се пишуваше кај нас, се спроведе со асистенција на армијата, полицијата и пожарникарите.

Пандемијата стана плодна почва за секаков вид на дезинформации. Дезинформациите од ваков вид влијаат врз психолошкиот момент кај граѓаните што е особено опасно во овој период кога целото човештво се соочува со рестриктивни мерки за заштита и справување со корона-вирусот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.