Оригинален наслов: Приватно обезбедување ќе ја чува војската?
Медиум во текст пренесува дел од независно мислење / излагање на професор по одбрана, одржано на настан организиран од страна на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување. Во излагањето, професорот изнесува сопствен став според кој, агенции за приватно обезбедување треба да ги чуваат касарните на Армијата.
Веднаш потоа медиумите наголемо започнаа да ја споделуваат оваа изјава како вест, без притоа да побараат одговор од надлежните, во овој случај Министерството за Одбрана.Оригинална статија
Оваа вест се зема здраво за готово од скоро сите медиуми, независно од фактот што беше кажана од страна на профeсор на факултет за безбедност, а не од претставник од министерството за одбрана. Се пишуваа сензационалистички наслови, за да се предизвика недоверба во институциите, а во ниту еден параграф немаше став на самото министерство, а сепак, медиумите во своите наслови и текстови ја истретираа како “веќе донесена одлука“.
Тимот на F2N2 испрати прашање до Министерството од каде ни пристигна следниот одговор:
“Сметаме дека обезбедувањето на касарните не треба да биде задача на војниците од активниот состав на Армијата, чија примарна обврска е развој на војничките способности, зачувување на безбедноста и стабилноста на државата и помош на граѓаните секогаш кога има потреба за тоа. Ја разгледуваме опцијата за оформување на државна компанија за обезбедување, каде би биле вработени професионалните војници со навршени 45 години возраст, со што би била исполнета обврската тие да останат во работен однос”, стои во одговорот на министерството.
Како што е објаснето во одговорот, можно е да се формира државна агенција за обезбедување во која што ќе бидат ангажирани војници по 45 годишна возраст, за да можат да продолжат со работата. Ова значи дека е можно да има обезбедување, но државно, каде сепак стражари ќе бидат бивши војници, кои според законот неможат повеќе да бидат ангажирани во редовниот – професионален состав на армијата.
Според тоа оваа вест е оценета како спин.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО