Нови анализи покажуваат дека персоналот на технолошкиот гигант Хуавеи е длабоко поврзан со кинеската армија и разизнавачките органи на армијата.
Истражувањето на биографиите на вработените дури покажува дека има и личности кои имаат двојна функција. И во компанијата Хуавеи и во Кинеската народна армија.Од Хуавеи пак велат дека во анализата има многу шпекулативни елементи и дека не може да го пронајде вработениот за кој се тврди дека работи и за компанијата и за армијата.Анализата е направена откако од кинеските компании на почетокот на годината протекоа информациите за
биографиите на 590 милиони вработени.
Студијата, направена од професорот Кристофер Балдинг, од Универзитетот Фулбрајт во Виетнам и лондонскиот институт Хенри Џексон, засега наведува само дека „вработени во Хуавеи, на клучни позиции на средно ниво, претходно имаат работено за разузнавачките служби во кинеската армија, а дел од нив можат да се поврзат и со хакерство и индустриска шпионажа на некои западни компании“.Една од биографиите покажува дека лице, вработено во Хуавеи истовремено работи и како предавач и истражувач на воениот универзитет преку кој бил ангажиран од Кинеската народна армија. Професорот Балдинг вели дека оваа личност работи за кинеската државна агенција која ги истражува електронските воени способности и воениот сајбер простор.Од Хуавеи пак велат дека строго и детално се прегледуваат сите биографии на сите пред да се вработат во компанијата. Особено се внимава на оние кои претходно имаат работено за армијата и владата. Од нив се бара да поднесат документи во кои ќе докажат дека нивните врски со војската или власта во Кина се завршени.