На 4 февруари, прорускиот инфлуенсер Миленко Неделковски јавно ја пофали Руската амбасада во Скопје за честитката по повод годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

На 3 февруари 2022 година, Руската амбасада во Софија организираше изложба по повод роденденот на Николај Игнатиев – еден од потписниците на Договорот од Сан Стефано. Во 2021 година, додека Руската амбасада во Скопје го честиташе 24 мај како Ден на „македонските просветители“ Св. Кирил и Методиј, руската амбасадорка во Бугарија Митрофанова во видео-порака го честиташе денот на „бугарските просветители“ и „бугарската азбука“. Ова е целосно во согласност со поголемата руска стратегија за Балканот, а тоа е „да се држат отворени конфликтите и да се попречи процесот на помирување и реформи во регионот“.

Со прости зборови, руските амбасади во двете земји дејствуваат координирано, поттикнувајќи конфузија, недоверба и создавајќи тензии за многу емотивно и чувствително прашање за двете земји.

Во услови на тековни разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија и зголемени тензии, ова треба да послужи како потсетник за вистинските намери на Русија и не треба да се заборави.

Author Image

Златко Димитриоски

Постар аналитичар

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.