Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

На Фејсбук пост објавен од страна на Миленко Неделковски на 19.02.2020 година, е објавена слика од хеликоптер на Американската војска како врши транспорт на контејнери. Понатаму, во описот на постот се тврди дека се работи за хеликоптер на НАТО, кој наводно вршел достава на оружје пишувајќи: “наменето за терористите на ОНА и УЧК кое подоцна го користеа против нас безбедносните сили на Македонија”. Во овој пост никаде не е наведено кој е изворот на сликата и информациите кои се искажани, со цел нивна веродостојна проверка. Истиот овој пост е споделен 61 пат.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Тврдењата содржани во описот на постот дека за време на вооружениот конфликт од 2001 година хеликоптери на НАТО вршеле достава на оружје на терористички групи во Северна Македонија се лажни и неточни.Сликата која е прикажанa на постот на која се гледа како воен хеликоптер врши достава на контејнер, е достапна  на Википедиа, а  оригиналната слика потекнува од официјалната веб-страна на Министерството за Одбрана на САД. Имено, се работи за официјална слика на Армијата на САД направена на 26 октомври 2013 година во Авганистан. На сликата е прикажан воен хеликоптер од типот ЦХ-47 Чинок во сопственост на 10та Борбена Авијациска Бригада на Армијата на САД, кој врши достава на материјали за време на затворање на бази во покраината Вардак во Авганистан.Дури и на Википедија, која генерално важи за не сигурен извор на информации поради фактот што секој може да ја ажурира содржината и нема процес на адекватна проверка на податоците, лесно може да се најде сликата каде што јасно е објаснето од кога датира сликата и за која намена бил искористен овој хеликоптер.Постот на Миленко Неделковски е тенденциозен и манипулирачки. Целта на овој пост е да се создаде погрешна слика за НАТО Алијансата, и преку  поигрување со  националните чувства кај граѓаните да ја поткопа поддршката за членството на Република Северна Македонија во НАТО.Истиот овој пост, со истата слика и идентична содржина бил објавен на 19.02.2019 година на страната на фејбук корисникот Vladimir Icev Saldjiev.imageСо сигурност можеме да потврдиме дека се работи за рециклирана лажна вест, која е објавена во идентичен период од годината. Минатата година, на 06 февруари 2019 година се потпиша пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, и започна процесот на ратификација на пристапниот протокол во националните законодавства на земјите-членки на НАТО. Во тој период, уште од потпишувањето на Преспа договорот, нашата земја беше под интезивен напад на фабрикувани лажни вести кои имаа за цел да ја поткопаат поддршката од  граѓаните за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Една година подоцна слична ситуација.Сликата и информациите во описот  на постот се намерно злоупотребени, со цел преку извртување на фактите да создадат анти-НАТО наратив помеѓу граѓаните на Република Северна Македонија. Ваквите наративи се особено штетни за меѓуетничките односи во нашата држава.Тимот на F2N2 го цени овој пост како лажен и манипулативен, и препорачува изјавите и постовите на Миленко Неделковски да се земаат со голема резерва.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.