На само неколку дена пред најголемиот национален празник Илинден,  лицето Кристиан Јандриоски преку неговиот профил на Фејсбук, објави пост  чија цел е дезинформирање. Постот е е поврзан со пеењето на химната по повод празникот. Текстот Ви го пренесуваме интегрално:Ова е Марко. Му се јавиле од организациониот одбор на Марко, да ја испее химната по повод празникот Илинден на прославата во херојското село Смилево. Меѓутоа, тука имало и едно дополнително барање. Имено поради присуството на бугарска делегација на настанот, од Марко било побарано да не ја пее строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански. Тука за Марко завршил муабетот, им порачал да си побараат друг пеач, зашо тој такваа химна нема да пее. Епа Марко..Епа Марко... Абе дете Македончиште бе.... Алал да ми ти е тоа млеко што си го цицнал бе јунак. Жив и здрав да си ми !!imageАвторот на објавата, иако нема никакви докази, пишува дека од извесен Марко било побарано да ја испее химната, но да ја изостави строфата во која се спомнуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански поради присуство на бугарска делегација.Дезинформацијата до моментот на пишување на нашата статија има 4700 емотикони, 73 коментари и 606 споделувања. Овие бројки говорат дека оваа манипулација, за жал, измамила голем број на корисници на социјалната мрежа Фејсбук.Дезинформацијата официјално е демантирана и од Општина Демир Хисар, општината под која спаѓа славното село Смилево. Во нивниот демант стои: „Химната ќе се изведува во својата официјална и целосна верзија. Ги покануваме граѓаните да дојдат и заеднички да покажеме дека сме посилни од сите оние кои со вакви злонамерни дезинформации ја нарушуваат нашата традиција и нашиот светол заеднички празник Илинден.“За разлика од пренесувањето на дезинформацијата, на социјалните мрежи и порталите кои дистрибуираат лажни вести, не се пренесува официјалниот демант на лажната вест. На тој начин, манипулативната моќ на дезинформацијата се’уште е активна.Химната е тема на дезинформации во минатиов период. Почнувајќи од наводната промена на химната со Преспанскиот договор, неинтерпретирањето при посетата на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, погрешното интерпретирање од страна на Тамара Тодевска, па се до денес со најновото, наводното барање од страна на организаторите, да се изостави дел од химната.Химната на Република Северна Македонија не може да биде изведена на ниеден друг начин освен на  пропишаниот со Закон.Порталите кои ја пренесоа оваа дезинформација се: Маркукуле, Сигнал, Експрес, Вечер, Скопје1, Република, ДоказМ, Инфомакс, 365, Курир (порталот Курир објавата ја избриша).

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.